MK/Prabhupada 0037 - Секој што го знае Кришна, тој е Гуру



Lecture on BG 7.1 -- Hong Kong, January 25, 1975

Како можеме да ја разбереме енергијата на Бхагаванот, како можеме да ја разбереме неговата креативна енергија и каква е моќта на Бхагаванот, како Тој се прави, тоа е голема наука, исто така. Тоа се нарекува Кришнина наука. Kṛṣṇa-tattva-jñāna. „Yei kṛṣṇa-tattva-vettā, sei guru haya“ (ЧЧ Мадја 8.128). Чеитанја Махапрабху го вели ова, а тој е Гуру. Гуру значи „yei kṛṣṇa-tattva-vettā sei guru haya“. Секој кој го познава Кришна е Гуру. Гуруто не може да се произведе. Секој кој знае за Кришна колку повеќе е можно, се нарекува Гуру. Ние не можеме да го познаваме Кришна. Ние не можеме да го познаваме Кришна, во потполност. Тоа не е возможно. Кришна има толку многу енергии. „Parāsya śaktir vividhaiva śrūyate“ (ЧЧ Мадхја 13.65, Смисол). Една енергија делува на еден начин, а друга енергија делува на друг начин. Но сите тие се Кришнини енергии. „Parāsya śaktir vividhaiva śrūyate. Mayādhyakṣeṇa prakṛtiḥ sūyate sa-carācaram“ (БГ 9.10). Пракрти...Ние гледаме дека овој цвет расте од природата и не само цветовите, туку и толку многу работи растат преку семето. Од семето на ружата ќе израсне дрво на ружа. Од некое друго семе, ќе израсне некое друго дрво. И како тоа се случува? Иста земја, иста вода и семето личи едно на друго, но раснат различни билки. Како е тоа можно? Тоа се нарекува „parāsya śaktir vividhaiva śrūyate svābhāvikī jñāna“. Обичниот човек или таканаречените научници, тие велат „Тоа е дело на природата“. Но, тие не знаат што е природа, кој ги надгледува активностите на природата, материјалната природа, како таа функционира.

Во Бхагавад Гита е речено, mayādhyakṣeṇa (БГ 9.10). Кришна вели „Природата делува под Мој врховен надзор“. Тоа е факт. Природа, материја...Материјата не може да се комбинира автоматски. Висококатниците се направени од материја, но материјата автоматски не постанала висококатница. Тоа не е возможно. Тука постои една мала духовна душа, инженер или архитекта, кој ја зема материјата, ја украсува и прави висококатница. Тоа е нашето искуство. Како тогаш можеме да кажеме дека материјата делува автоматски? Материјата, не делува ( не работи ) автоматски. Потребен и е виш ум, повисоко ракување, поголем ниво на ред. Како што во овој материјален свет имаме повисок ред, Сонцето, движењето на Сонцето, топлотната енергија, светлосната енергија на Сонцето. Како таа се користи? Тоа е објаснето во шастрите: „yasyājñayā bhramati sambhṛta-kāla-cakro govindam ādi-puruṣaṁ tam ahaṁ bhajāmi“. Сончевата планета е исто така планета, како оваа планета. Како што на оваа планета постојат многу претседатели, но порано бил само еден претседател, слично, на секоја планета постои претседател. За Сончевата планета добиваме знаење од Бхагавад Гита. Кришна вели „imaṁ vivasvate yogaṁ proktavān aham avyayam“ (БГ 4.1). Јас прво ја изговорив оваа наука на Бхагавад Гита на Вивасван. Вивасван значи претседател на Сончевата Планета, а неговиот син е Ману. Ова е тоа време. Ова време тече. Се нарекува, период на Ваивасвата Ману. Ваивасвата значи од Вивасван, син на Вивасван. Тој е наречен Ваивасвата Ману.