MK/Prabhupada 0041 - Сегашниот Живот е Полн со Неповолности



Lecture on BG 9.1 -- Melbourne, June 29, 1974

Потполно знаење. Значи, ако читаш Бхагавад Гита добиваш потполно знаење. Значи што Бхагаванот вели ?

idaṁ tu te guhyatamaṁ
pravakṣyāmy anasūyave
(БГ 9.1)

Бхагаванот, Кришна го поучува Арџуна. Во Деветтото Поглавје, Тој вели „Мој драг Арџуна, сега ти го говорам најдоверливото знаење “„guhyatamaṁ“. Tamaṁ значи суперлатив. Позитив, компаратив и суперлатив. На Санскрит, tara-tama. Tara е компаратив, а tama значи суперлатив. Овде Бхагаванот вели, совршената Севишна Божја Личност вели „idaṁ tu te guhyatamaṁ pravakṣyāmy“, Сега ти го говорам, најдоверливото знаење „Jñānaṁ vijñāna-sahitaṁ“. Знаењето е потполно знаење, не имагинација. „Jñānaṁ vijñāna-sahitaṁ“. "Vijñāna" значи наука, практична демонстрација. Значи „jñānaṁ vijñāna-sahitaṁ yaj jñātvā“. Ако го научиш, ова знаење „yaj jñātvā mokṣyase 'śubhāt“. Aśubhāt. „Mokṣyase“ значи ќе добиеш ослободување, а „aśubhāt“ значи неповолност. Неповолност. Значи нашиот сегашен живот, во сегашниот момент, сегашен живот значи се додека го поседуваме ова материјално тело, е полн со неповолности. Mokṣyase aśubhāt. Aśubhāt значи неповолност.