MK/Prabhupada 0042 - Иницијацијата Сфатете ја Многу Сериозно

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Иницијацијата Сфатете ја Многу Сериозно
- Prabhupāda 0042


Initiation Lecture Excerpt -- Melbourne, April 23, 1976

Во Чеитанја Чаритамрита, додека го подучувал Шрила Рупа Госвами, Чеинтанја Махапрабху рекол:

ei rūpe brahmāṇḍa bhramite kona bhāgyavān jīva
guru-kṛṣṇa-kṛpāya pāya bhakti-latā-bīja
(ЧЧ Мадја 19.151)

Живите суштества се селат од еден облик на живот во друг и талкаат од планета до планета, понекогаш бивајќи во низок облик на живот, а понекогаш во висок. Тоа постојано се случува. Тоа се нарекува „saṁsāra-cakra-vartmani“. Минатата ноќ објаснувавме „mṛtyu-saṁsāra-vartmani“. Баш тие зборови се користат „mṛtyu-saṁsāra-vartmani“. Многу тежок начин на живот и смрт. Сите се плашат од смртта, бидејќи никој после смртта не знае што се случува. Тие кои се будалести, тие се животни. Биваат заколени како животни, додека другото животно, покрај првото, мисли: „Јас сум на сигурно“. Затоа секоја личност, со малку интелигенција, не сака никогаш да умре и да прифати друго тело. А ние не знаеме, какво тело ќе добиеме. Затоа, оваа иницијација со Милоста на Гуруто и Кришна, не ја сфаќајте несериозно. Сфатете ја многу сериозно. Тоа е одлична можност. „Bīja“ значи семе, семето на Бхакти. Затоа, што и да сте ветиле пред Господ, пред својот духовен учител, пред огнот, пред Ваишнавите, никогаш не одстапувајте од тоа ветување. Тогаш секогаш, ќе бидете фиксирани за својот духовен живот: без нелегален секс, без јадење месо, без коцкање, без интоксикација - овие четири не - и мантрањето Харе Кришна - едно да. Четири не и едно да. Тоа ќе го направи Вашиот живот успешен. Тоа е многу едноставно. Не е тешко. Но, маја е многу моќна и понекогаш не одвлекува од патот. Затоа, кога маја ќе вложи напор, да не одвлече од патот, само молете се на Кришна „Те молам, спаси ме. Јас се предавам, потполно се предавам и те молам љубезно да ми пружиш заштита“ и Кришна ќе ви даде заштита. Но, не ја пропуштајте оваа шанса. Тоа го барам од вас. Ви посакувам добро и ви ги давам сите свои благослови. Затоа, ајде да ја искористиме оваа можност за бхакти „bhakti-latā-bīja“. Mālī hañā sei bīja kare āropaṇa. Затоа, кога ќе добиеме добро семе, треба да го посееме на земјата. На пример, кога ќе добиете врвно семе на ружин цвет и ќе го посадите во земја и ќе додадете малку вода, тоа ќе порасне. Значи, ова семе може да расте со наводнување. Што претставува наводнувањето ? „Śravaṇa kīrtana jale karaye secana“ (ЧЧ Мадја 19.152). Наводнување на семето „bhakti-latā“ е „śravaṇa-kīrtana“, слушањето и мантрањето. Од санјасито и од Ваишнавата, ќе чуете повеќе за тоа. Но, не ја пропуштајте оваа можност. Тоа е моето барање. Ви Благодарам многу.

Бхактите: Jaya Шрила Прабхупада !