MK/Prabhupada 0052 - Разлика Помеѓу Бхакта и Карми

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Разлика Помеѓу Бхакта и Карми
- Prabhupāda 0052


Lecture on SB 1.2.9-10 -- Delhi, November 14, 1973

Ова е разликата меѓу бхакти и карма. Карма е сетилно уживање, а бхакти е задоволување на Господ. Истата работа. Поради тоа луѓето не можат да разберат која е разликата меѓу бхакта и карми. Кармито ги задоволува неговите сопствени сетила, а бхактата ги задоволува Кришнините сетила. Мора да има некакво сетилно задоволство. Но, кога го задоволуваш Кришна, тоа се нарекува бхакти. „Hṛṣīkeṇa hṛṣīkeśa-sevanaṁ bhaktir ucyate“ (ЧЧ Мадја 19.170). Hṛṣīka значи сетила, прочистени сетила. Тоа го објаснив оној ден, дека

sarvopādhi-vinirmuktaṁ
tat-paratvena nirmalam
hṛṣīkeṇa hṛṣīkeśa-
sevanaṁ bhaktir ucyate
(ЧЧ Мадја 19.170).

Бхакти не значи да престанете со својата работа. Бхакти не е сентиментален фанатизам. Тоа не е бхакти. Бхакти значи да ги вклучиш сите твои сетила за задоволството на сопственикот на сетилата. Тоа се нарекува бхакти. Затоа едно од Кришнините имиња е Hṛṣīkeśa. Hṛṣīka значи сетила. И hṛṣīka īśa, Тој е контролор на сетилата. Всушност, нашите сетила не работат независно. Тоа можеме да го разбереме. Kṛṣṇa ги раководи. „Sarvasya cāhaṁ hṛdi sanniviṣṭo mattaḥ smṛtir jñānam apohanaṁ ca“ (БГ 15.15). „Mattaḥ smṛtir jñānam apohanaṁ ca“. Научникот работи, затоа што Кришна му помага, не дека неговото работење е независно. Тоа не е возможно. Но, тоа тој го сакаат на тој начин. Значи тој добива погодности од Кришна. Но, всушност, Кришна е Тој што работи. Ова е опишано во Упанишадите. Без Кришниното работење, без гледањето, без Кришниното гледање, личноста не може да гледа. Токму како објаснувањето за сончевата светлина во Брахма - самхита. „yac-cakṣur eṣa savitā sakala-grahāṇāṁ“ Сонцето е едно од очите на Кришна.

yac-cakṣur eṣa savitā sakala-grahāṇāṁ
rājā samasta-sura-mūrtir aśeṣa-tejāḥ
yasyājñayā bhramati sambhṛta-kāla-cakro
govindam ādi-puruṣaṁ tam ahaṁ bhajāmi
(БС 5.52).

Значи, сонцето е едно од очите на Кришна, бидејќи кога сонцето изгрева, затоа што сонцето гледа, затоа и личноста гледа. Невозможно е да се прогледа независно. Толку сме горди на своите очи. Која е вредноста на очите доколку нема сончева светлина? Не можеме да гледаме. Дури и електричната енергија, доаѓа од сонцето? Така всушност кога Кришна гледа и личноста може да гледа. Таа е положбата. Така нашите сетила... Во Бхагавад гита е речено, „sarvataḥ pāṇi-pādaṁ tat“. „Sarvataḥ pāṇi-pāda...“. Кришна има Негови раце и нозе насекаде. Што се тие? Моите раце, твојата рака, твојата нога - тоа е Кришна. Слично како кога некој вели дека има свои филијали, низ цел свет. Тие филијали работат под управа на врховната личност. Исто така и Кришна. Поради тоа Кришна се нарекува Hṛṣīkeśa, Hṛṣīkeśa. Така работата е...Бхакти значи кога ние ќе ги вклучиме нашите hṛṣīka, нашите indriyas, нашите сетила, во служба на сопственикот на сетилата. Тоа е совршен живот. Тоа е наш совршен... Но, штом ќе посакаме да ги употребиме нашите сетила за сетилно уживање, тоа се нарекува карма. Тоа се нарекува материјален живот. Поради тоа, за бхактата ништо не е материјално. Тоа е „īśāvāsyam idaṁ sarvam“ (ИСО 1). Бхактата гледа дека се му припаѓа на Кришна. „Īśāvāsyam idaṁ sarvaṁ yat kiñca jagatyāṁ jagat, tena tyaktena bhuñjīthā“. На Кришна му припаѓа се. Така се што ни дава Кришна... Слично како со господарот. Господарот му доделува нешто на слугата: „Можеш да го уживаш ова“. Овој прасадам. „Prasāde sarva-duḥkhānāṁ hānir asyopajā“. Тоа е живот. Доколку станеш свесен за Кришна, доколку сфатиш дека „Се му припаѓа на Кришна, дури и моите раце и нозе, тие исто така му припаѓаат на Кришна, сите делови на моето тело му припаѓаат на Кришна, и поради тоа треба да бидат искористени за Кришна, тоа е бхакти“.

anyābhilāṣitā-śūnyaṁ
jñāna-karmādy-anāvṛtam
ānukūlyena kṛṣṇānu-
śīlanaṁ bhaktir uttamā
(Брс. 1.1.11).

Тоа го направил Кришна, тоа го сторил Арџуна. Со тоа што несакал да се бори, тој сакал да ги задоволи своите сетила, но откако ја чул Бхагавад Гита, тој се согласил дека „Да, Кришна е Врховната Личност“.

ahaṁ sarvasya prabhavo
mattaḥ sarvaṁ pravartate
iti matvā bhajante māṁ
budhā bhāva-samanvitāḥ
(БГ 10.8).

Овие нешта се многу убаво објаснети во Бхагавад Гита. Тоа е прелиминарна студија за духовниот живот. И доколку сме вистински убедени во учењата на Бхагавад Гита, тогаш се предаваме на Кришна. Кришна го сака тоа. „Sarva-dharmān parityajya mām ekaṁ śaraṇaṁ vraja“ (БГ 18.66). Тоа е тоа што Тој го сака. Кога всушност почнуваме во овој процес, тоа се нарекува шрадха. Шрадха. Tоа е објаснето од Кавираџ Госвами, кое е значењето на шрадха.