MK/Prabhupada 0062 - Гледај го Кришна Дваесет и четири часа



Lecture on SB 1.8.18 -- Chicago, July 4, 1974

Прабхупада: „Ārādhito yadi haris tapasā tataḥ kiṁ“. Ако сте во состојба да го обожувате Кришна, тогаш нема потреба од повеќе строгости, страдање..., бидејќи за да се само-реализирате или да го запознаете Бог има толку многу процеси, строгости и страдања. Понекогаш одиме во шума, за да видиме каде е Бог, каде...Постојат различни процеси, но шастрите велат дека ако го обожувате Кришна „ārādhito yadi haris tapasā tataḥ kiṁ“, нема повеќе потреба да се подвргнувате на екстремни страдања и строгости. И „narādhito, narādhito yadi haris tapasā tataḥ kim“ и на крај, после толку остри,...после толку остри подвргнувања на строгости и страдања, ако, ако не знаете што е Кришна, каква е намената на сето тоа? Тоа е бескорисно. „Narādhito yadi haris tapasā tataḥ kim, antar bahir yadi haris tapasā tataḥ kiṁ“. Слично, ако можеш да го видиш Кришна, внатре и надвор од себе, дваесет и четири часа на ден, тогаш тоа е крај на сите строгости. И овде Кришна повторно вели, Кунти вели дека „Иако Кришна е и внатре и надвор, ние немаме очи да Го видиме“, „alakṣyam“, невидлив. Кога Кришна бил присутен во битката на Курукшетра, само петорицата Пандави и нивната мајка Кунти, можеле да го разберат Кришна, Севишната Божја Личност. Како и неколку други. Иако, Кришна бил присутен, некои го сметале за обично човечко суштество. „Avajā“..., „avajānanti māṁ mūḍhā mānuṣīṁ tanum āśritam“. Затоа што Бил многу љубезен кон човечкото општество, Тој лично дошол. Сепак, бидејќи тие немале очи да Го видат, тие не можеле да видат. Затоа Кунти вели alakṣyam, „Ти не си видлив, иако Ти си „antaḥ bahiḥ, sarva-bhutanam“ “. Не само antaḥ bahiḥ за посветениците, туку за сите. Кришна се наоѓа во сечие срце „īśvaraḥ sarva-bhūtānāṁ hṛd-deśe“. Покажувајќи, hṛd-deśe, овде во срцето, Кришна е тука. Поради тоа, медитацијата и принципите на јогата постојат да ни покажат, како да го пронајдеме Кришна во сечие срце. Тоа се нарекува медитација. Положбата на Кришна е секогаш трансцедентална. Затоа да го прифатиме овој трансцедентален процес на Свесност за Кришна, регулативните принципи и да се обидеме да се ослободиме од овој грешен живот. Не можете да го видите Кришна или да го разберете Кришна, додека практицирате грешни активности. Тогаш тоа не е возможно. „Na māṁ duṣkṛtino mūḍhāḥ prapadyante narādhamāḥ“. Оние кои се duṣkṛtinaḥ...Kṛti значи заслуга, заслужни, а duṣkṛti, значи дека заслугата се однесува на грешни активности. Затоа, ние бараме од нашите...Всушност, ние нема да бараме, тоа е наше, сакам да кажам тоа се наши правила и прописи, каде личноста треба да се ослободи од грешните активности. Тие грешни активности, четирите столба на грешниот живот се незаконит секс, јадењето месо, интоксикацијата и коцкањето. На нашите студенти им советуваме..., всушност не советуваме, туку тие мора да ги следат тие правила, во спротивно ќе паднат. Затоа што грешниот човек не може да го разбере Бог. Од една страна, треба да ги практикуваме регулативните принципи и посветеното служење, а од друга страна треба да ги избегнуваме грешните активности. Тогаш Кришна е присутен и тогаш можете да разговарате со Кришна, да бидете со Кришна. Кришна е толку љубезен. Исто како што Кунти говори со Кришна, како со свој внук, слично и вие можете да говорите со Кришна како со свој син, свој сопруг, свој љубовник, свој пријател, свој господар, како год сакате. Многу ми е драго, што можам да го видам овој храм во Чикаго. Добро ви оди и оваа сала е многу убава. Продолжите со својот став на служење и разберете го ( реализирајте го ) Кришна. Тогаш вашиот живот ќе биде успешен. Ви благодарам многу.

Посветеници: Џаја! Хари бол!