MK/Prabhupada 0063 - Треба да Постанам Голем Свирач на Мриданга
Arrival Lecture -- Dallas, March 3, 1975
Многу сум задоволен да ја видам атмосферата овде. Образованието значи Свесност за Кришна. Тоа е образование. Ако едноставно разбереме дека „Кришна е Севишната Личност. Тој е голем, а ние сите сме подредени. И нашата должност е да му служиме на Кришна“. Ако ги разбереме овие две реченици, тогаш нашиот живот е совршен. Ако едноставно научиме како да го обожуваме Кришна, како да Го задоволиме, како да Го облекуваме убаво, како да Му даваме убава храна, како да Го украсуваме со накит и цвеќе, како да Му оддаваме понизно почитување, како да го мантраме Неговото име и ако размислуваме едноставно, без таканареченото образование, ние постануваме совршена личност во универзумот. Тоа е Свесноста за Кришна. Не бара А-Б-В-Г образование. Бара само едноставна промена на свесноста. Затоа, овие деца треба да се учат од самиот почеток на животот. Ние имавме можност, да бидеме на овој начин тренирани од нашите родители. Куќата на мојот татко ја посетуваа многу свети личности. Мојот татко беше Ваишнава. Тој беше Ваишнава и сакаше јас да станам Ваишнава. Кога ќе дојдеше некоја света личност, тој ќе го замолеше: „Ве молам, благословете го мојот син за да тој постане слуга на Радхарани“. Тоа беше неговата молитва. Тој никогаш не молеше за ништо друго. И тој ме научи како да свирам мриданга. Мојата мајка беше против тоа. Постоеја два учители, еден кој ме учеше А-Б-В-Г и друг које ме учеше да свирам мриданга. Едниот учител ќе чекаше, додека другиот ме учеше како да свирам мриданга. Мојата мајка се лутеше и велеше „Какви се овие глупости? Го учиш да свири мриданга? Што ќе прави со мридангата?“ Но, можеби мојот татко сакаше во иднината да постанам голем свирач на мриданга. ( смеење ). Затоа сум му многу благодарен на мојот татко и му ја посветив мојата книга, Книгата за Кришна, нему. Тој сакаше. Тој сакаше да постанам проповедник на Бхагаватам, Шримад Бхагаватам, свирач на мриданга и слуга на Радхарани. Затоа, секој родител треба да размислува на тој начин, во спротивно не би требало да постане татко или мајка. Тоа е наредба на шастрите. Тоа е наведено во Шримад Бхагаватам, Петтото пеење „pitā na sa syāj jananī na sa syād gurur na sa syāt sva-jano na sa syāt“. На овој начин, заклучокот е „na mocayed yaḥ samupeta-mṛtyum“. Доколку, личноста не е во состојба да го спаси својот ученик од непосредната опасност на смртта, таа не треба да постане гуру. Една личност не треба да постанува татко или мајка, доколку не може тоа да го стори. На истиот начин, не треба да постане ни пријател, ни роднина, ни татко, ни.... доколку не може да го научи оној другиот, како да се спаси од канџите на смртта.
Затоа, таквото образование е потребно насекаде низ светот. Едноставна работа е дека личноста може да ја избегне заплетканоста во раѓањето, смртта, стареењето и болеста постанувајќи свесен за Кришна.