MK/Prabhupada 0066 - Треба да се Согласиме со Кришнините Желби
Lecture on BG 16.4 -- Hawaii, January 30, 1975
На нас е изборот дали сакаме да постанеме бхакта или сакаме да останеме демон. Тоа е мој избор. Кришна вели: „Откажи се од своите демонски активности и предади ми се Мене“. Тоа е желбата на Кришна. Но, ако не се сложувате со Кришнината желба, ако сакате да уживате во својата сопствена желба и тогаш Кришна ќе биде задоволен и Ќе ве снабди со сите потреби. Но, тоа не е баш многу добро. Ние би требале да се согласиме со Кришнините желби. Не треба да дозволиме нашите желби, нашите демонски желби да растат. Тоа се нарекува тапасја. Треба да ги жртвуваме сопствените желби. Тоа се нарекува жртва. Треба само да ги прифаќаме Кришнините желби. Тоа е инструкција на Бхагавад Гита. Арџунината желба била да не се бори, а Кришнината желба била тој всушност да се бори, токму спротивното. Арџуна, на крајот се согласил со Кришнината желба: „Да“. „Kariṣye vacanaṁ tava“ (БГ 18.73), ( „Да, ќе дејствувам според Твоите желби“). Тоа е бхакти.
Тоа е разликата помеѓу бхакти ( посветено служење ) и карма. Карма значи да ги исполнам своите желби, а бхакти значи да ги исполнам Кришнините желби. Тоа е разликата. Сега, направете го вашиот избор, дали сакате да ги исполнувате своите желби или сакате Кришнините желби да бидат исполнети. Ако изберете да ги исполнувате Кришнините желби, тогаш вашиот живот ќе биде успешен. Тоа е нашиот живот со Свесноста за Кришна. „Кришна тоа го сака, јас треба тоа да го сторам. Нема ништо да сторам за себе“. Тоа е Вриндаван. Сите жители на Вриндаван, тие се обидуваат да ги задоволат Кришнините желби. Момчињата краварчиња, телињата, кравите, дрвјата, цвеќињата, водата, гопиите, постарите жители, Мајката Јашода, Нанда, сите тие се вклучени во службата за исполнување на Кришнините желби. Тоа е Вриндаван. Можете да го преобразите овој материјален свет во Вриндаван, доколку се согласите да ги исполнувате Кришнините желби. Тоа е Вриндаван. Но, ако сакате да ги исполнувате своите сопствени желби, тоа е материјално. Тоа е разликата помеѓу материјалното и спиритуалното.