MK/Prabhupada 0067 - Госвамите Спиеле Само Два Часа Дневно
Lecture on SB 1.16.26-30 -- Hawaii, January 23, 1974
Како и да движењето за Свесноста на Кришна напредува, тоа е поради дарежливото сочувство на Шри Чеитанја Махапрабху, за сиротите луѓе, кои страдаат во оваа Кали-југа. Во спротивно, да се постане свесен за Кришна, не е воопшто едноставна работа, не е воопшто едноставно. Затоа, на оние кои им се пружа можност да постанат свесни за Кришна, со Милоста на Шри Чеитанја Махапрабху, не би требало да ја пропуштат таа можност. Тоа би било еднакво на самоубиство. Немојте да паѓате. Тоа е многу едноставно. Едноставно, мантрајте ја Харе Кришна мантрата, не секогаш, само дваесет и четири часа дневно, како Чеитанја Махапрабху препорачал. „Kīrtanīyaḥ sadā hariḥ“ (ЧЧ Ади 17.31), секогаш мантрајте. Тоа е принципот. Но, ние не можеме тоа да го сториме бидејќи сме толку преплавени, со влијанието на Кали. Но, барем шеснаесет кругови. Не го пропуштајте ова. Што е толку тешко, шеснаесет кругови? Тоа најмногу трае два часа. Имате дваесет и четири часа дневно. Сакате да спиете, во ред спијте, десет часа сон. Тоа не се препорачува. Не спијте повеќе од шест часа дневно. Но, тие сакаат да спијат. Тие сакаат да спијат дваесет и четири часа. Тоа е нивната желба во Кали-југа. Но, не. Тогаш само ќе губите време. Намалете го на минимум јадењето, спиењето, парењето и бранењето. Кога се ќе се сведе на нула, тогаш е совршено.
Затоа што тоа се телесни потреби. Јадење, спиење, парење, бранење тоа се се телесни потреби. Но, јас не сум ова тело. „Dehino 'smin yathā dehe kaumāram...“(БГ 2.13). За таа реализација е потребно време. Но, кога ќе почнеме да напредуваме во свесноста за Кришна, мораме да ги знаеме своите должности. Спиење не повеќе од шест часа дневно. Највеќе осум часа. Највеќе за оние кои тоа не можат да го контролираат. Но, не десет часа, дванаест часа, петнаест часа, не. И која е користа на...? Некој одел да посети еден напреден посветеник, а тој во девет часот спиел. И тој е напреден бхакта? Тоа не е тоа? Што е...? Каков бхакта е тој ? Бхактата мора да стане наутро до четири часот. До пет часот, тој треба да го заврши своето капење и другите работи. А потоа почнува да мантра... Тоа е дваесет четири часовен ангажман. Затоа спиењето не е добро. Госвамите спиеле само два часа дневно. Јас, исто така, навечер пишувам книги и спијам исто така, не повеќе од три часа. Јас понекогаш малку спијам. Не како... Јас не ги имитирам Госвамите. Тоа не е возможно. Но колку што е возможно, секој треба да се обиде тоа да го избегне. А избегнувањето на спиењето значи ако јадеме помалку, тогаш ќе го избегнеме спиењето. Јадење, спиење. После јадењето, следува спиење. Значи, ако јадеме повеќе, ќе спиеме повеќе. Ако јадеме помалку, ќе спиеме помалку. Јадење, спиење, парење. И парењето треба да се избегнува. Тоа е значајна забелешка. Сексуалниот живот треба да се намали, највеќе колку е возможно. Затоа ја имаме оваа забрана „Без илегален секс“. Што се однесува до сексуалниот живот, ние не велиме: „Тоа не можете да го правите“. Никој тоа не може да го прави. Затоа, сексуалниот живот значи живот во брак, мала отстапка. Одобрување „Во ред, го имате тоа одобрување“. Но, не нелегален секс. Тогаш никогаш нема да бидете во состојба.
Значи јадење, спиење, парење и бранење. И бранењето, ние се браниме на толку многу начини, а сеуште има војни и масакрирање ( уништување ) на материјалната природа...Вашата држава добро се брани, но сега има недостаток на бензин. Не можете да се браните. Слично се може да исчезне во било кој момент. Затоа, зависите од Кришна за одбрана. „Avaśya rakṣibe kṛṣṇa“. Тоа се нарекува предавање. Предавањето значи...Кришна вели „Предај ми се Мене“, „sarva-dharmān parityajya“ (БГ 18.66). Ајде да верувам дека: „Кришна бара да се предадам. Ајде да се предадам. Тој мора да ме заштити во опасност“. Тоа се нарекува предавање.