MK/Prabhupada 0073 - Ваикунтха Значи Без Вознемирување



Lecture on BG 10.2-3 -- New York, January 1, 1967

Не значи дека вие морате тоа да го правите во ова друштво. Вие можете да ја научите оваа вештина ( уметност ) и тоа да го имате дома. Исто така, вие можете да подготвувате такви препарации, фини препарации во својот дом и да ги понудите на Кришна. Тоа не е премногу тешко. Ние секој ден подготвуваме и му нудиме на Кришна, мантрајќи ја мантрата

namo brahmaṇya-devāya
go-brāhmaṇa-hitāya ca
jagad-dhitāya kṛṣṇāya
govindāya namo namaḥ

Тоа е се. Тоа не е толку тешко. Секој може да подготви храна и да ја понуди на Кришна, а потоа да ја части и потоа со членовите на семејството или со пријателите да седне и мантраа пред сликата на Кришна,

Харе Кришна Харе Кришна Кришна Кришна Харе Харе
Харе Рама Харе Рама Рама Рама Харе Харе

и живее чист живот. Само погледнете го резултатот. Ако секој дом, секоја личност, го прифати принципот на разбирање на Кришна, ќе постане...Целиот свет ќе постане Ваикунтха. Ваикунтха значи таму каде нема вознемиреност. Ваикунтха. Ваи значи без и кунтха значи вознемиреност. Овој свет е полн со вознемирувања. „Sadā samudvigna-dhiyām asad-grahāt“ (ШБ 7.5.5). Затоа што сме го прифатиле ова привремено постоење ( егзистирање ) во материјалниот живот, затоа секогаш сме оптеретени со вознемиреност. Сосема спротивно е во духовниот свет, каде планетите се Ваикунтха. Ваикунтха значи без вознемирување.

Ние сакаме да бидеме ослободени од вознемиреност. Секој се обидува да се ослободи од вознемирувањата, но не знае како да излезе од нив. Земајќи заштита на интоксикацијата не е доволно да личноста се ослободи од вознемиреноста. Тоа е дрога. Тоа носи заборав. Понекогаш ние се забораваме, но кога повторно ќе дојдеме при свест, тука се сеуште истите вознемирувања, истата работа. Значи тоа нема да ви помогне. Ако сакате да бидете ослободени од вознемирувањата и ако всушност сакате вечен живот со блаженство и знаење, тогаш тоа е овој процес. Ова е тој процес. Морате да го разберете Кришна. Овде е јасно наведено „na me viduḥ sura-gaṇāḥ“ (БГ 10.2). Но, постои начин. „Sevonmukhe hi jihvādau svayam eva sphuraty adaḥ“ (Брс. 1.2.234). Тоа е процесот. На неколку места во Шримад Бхагаватам, овој процес е опишан на различни начини. На едно место се вели

jñāne prayāsam udapāsya namanta eva
jīvanti san-mukharitāṁ bhavadīya-vārtām
sthāne sthitāḥ śruti-gatāṁ tanu-vāṅ-manobhir
ye prāyaśo 'jita jito 'py asi tais tri-lokyām
(ШБ 10.14.3)

Тоа е многу убав стих. Речено е дека ajita, никој не може да ја знае. Другото име на Бог е Ajita. Ajita значи никој не може да Го победи Него. Никој не може да Му се приближи Нему. Затоа, тој е наречен Ajita. Значи Ajita постанува освоен. Ajita jito 'py asi. Иако, Бог е неспознаен и неосвоив, сеуште, Тој може да биде освоен. Како? Sthāne sthitāḥ.