MK/Prabhupada 0074 - Зошто Треба Да Јадете Животни?



Lecture on BG 4.21 -- Bombay, April 10, 1974

Се е опишано во Бхагавад Гита. Во Бхагавад Гита не се вели: „Вие живејте од дишење воздух“. Не. Бхагавад Гита вели: „Annād bhavanti bhūtāni“ (БГ 3.14). Anna. Anna значи житарици. Житариците се потребни за прехрана. Annād bhavanti bhūtāni. Бхагавад Гита никогаш не вели: „Не требате да јадете. Едноставно дишете воздух и практикувајте јога“. Не. Но, мораме да јадеме ни повеќе, ни помалку. Тоа е препорачано. Yuktāhāra-vihārasya. Не треба да јадеме ни повеќе, ни помалку. И nirāśīḥ. Nirāśīḥ значи без желба за екстраваганција. А ние сега сакаме се повеќе и повеќе, да ги задоволуваме сетилата. Тоа не е пожелно. Ако сакате совршенство на животот, тоа се нарекува tapasya ( строгост ).

Личноста има желби, но не треба да го посакува непотребното. Секој има право да јаде, дури и животни. Секој има право. Но, затоа што посакуваме да уживаме повеќе, не им даваме можност на животните, да живеат на правилен начин. Наместо тоа, се обидуваме да ги јадеме животните. Тоа не е потребно. Тоа се нарекува nirāśīḥ. Зошто би требало да јадете животни? Тоа е нецивилизиран живот. Кога нема храна или ако сте Абориџин, можете да јадете животни, бидејќи тие не знаат како да одгледуваат растенија. Но, кога човечкото општество ќе стане цивилизирано, може да одгледува толку убава храна, да чува крави, наместо да ги јаде. Тоа може да добива млеко, доволно млеко. Можеме да правиме толку многу јадења од млеко и житарици. Значи, не би требало непотребно да сакаме, да уживаме повеќе.

Така се вели овде „kurvan nāpnoti kilbiṣam“. Kilbiṣam значи резултат од делување од грешен живот. Kilbiṣam. Значи, ако не сакаме повеќе од што ни е потребно, тогаш не сме вплеткани, вклучени во грешни активности, kurvan api, иако работиме. Додека работите, свесно или несвесно, морате да сторите нешто што не е побожно, дури и грешно, но ако едноставно сакате да живите правилно, тогаш „kurvan nāpnoti kilbiṣam“. Нашиот живот треба да биде без било какви грешни реакции. Во спротивно ќе мораме многу да страдаме. Но, тие не веруваат иако гледаат толку одвратни животи. Од каде доаѓаат 8,400,000 видови на живот? Има толку многу животи во многу лоша состојба. Секако, животното или живото суштество не знае, но ние човечките суштества требаме да знаеме зошто тие одвратни животи постојат. Тоа е илузијата на маја. Еден пример е... свињата која живее во многу нечисти услови, јадејќи измет и сеуште мислејќи колку е многу среќна и затоа се дебелее. Кога една личност се чуствува среќна „Јас сум многу среќен“, тогаш таа личност почнува да се дебелее. Ќе видите дека овие свињи се многу дебели, но што тие јадат? Тие јадат измет и живеат на нечисто место. Но, тие мислат: „Ние сме многу среќни“. Тоа е илузијата на маја.

Секој кој живее во многу одвратна состојба на животот, маја, илузија, тој мисли дека се е во ред, дека живее совршено. Но, личност која е на повисоко ниво, таа гледа дека живее во многу одвратна состојба.

Значи, илузијата е присутна и со знаење и добро друштво, со следење на инструкциите од шастрите, од гуруто, од светите личности, личноста може да разбере што е вредноста на животот и да живее според тоа. Значи, овие се упатствата на Кришна, nirāśīḥ, една личност не треба да биде непотребно полна со желби, повеќе од нејзините потреби на животот. Тоа се нарекува nirāśīḥ. Nirāśīḥ. Другото значење е да таа не е премногу врзана за материјалното уживање. А тоа е возможно кога таа во потполност знае: „Јас не сум ова тело. Јас сум духовна душа. Мојата потреба е како да напредувам во духовното знаење“. Тогаш таа може да постане nirāśīḥ. Тоа се предуслови за tapasya, строгост, покорност.

Денеска луѓето тоа го заборавиле. Тие не знаат што е строгост. Но, човечкиот живот е наменет за таа цел. „Tapo divyaṁ putrakā yena śuddhyet sattvaṁ yena brahma-saukhyam anantam“ (ШБ 5.5.1). Тоа се упатствата на шастрите. Човечкиот живот е наменет за tapasya ( строгост ). А tapasya...

Во Ведскиот начин на живот, почетокот на строгоста е брахмачари. Ученикот се праќа во gurukula ( школо ) за практикување за да постане брахмачари. Тоа е tapasya, не комфорен живот. Спиење на под и одење од врата до врата за да се проси за гуруто. Но, тој не се изморува. Бидејќи во прашање се деца, ако се истренираат во строгост, таа ќе им постане пракса. Тие сите жени ги нарекуваат „Мајко“, „Мајко, дај ми милостиња“. И се враќаат кај гуруто. Се му припаѓа нему. Тоа е животот на брахмачари-то. Тоа е tapasya. Tapo divyam (ШБ 5.5.1). Тоа е Ведската цивилизација, каде децата, од почетокот на животот, се тренираат на tapasya, брахмачари. Целибат. Брахмачарито не може да види ни една млада жена. Дури и ако сопругата од гуруто е млада, тоа не смее да оди кај неа. Ова се ограничувањата. А каде е сега тој брахмачари? Нема брахмачари. Ова е Кали Југа. Нема tapasya ( строгост ).