MK/Prabhupada 0076 - Гледајте го Кришна Насекаде
Ratha-yatra -- San Francisco, June 27, 1971
Кога нашите очи се премачкани со љубов кон Бога, ние можеме да Го видиме насекаде. Тоа е инструкција на шастрите ( светите списи ). Мораме да ја развиеме својата моќ на гледање, развивајќи ја љубовта кон Севишната Божја Личност. „Premāñjana-cchurita bhakti-vilocanena“ (БС 5.38). Кога личноста е доволно развиена во Свесноста за Кришна, таа може да го види Господ во секој момент, во своето срце и насекаде, каде и да оди. Ова Движење за свесноста на Кришна е обид да се поучат луѓето, како да се види Господ, како да се види Кришна. Кришна може да се види ако вежбаме. Како што Кришна вели raso „ham apsu kaunteya“ (БГ 7.8). Кришна вели: „Јас сум вкусот на водата“. Секој од нас секојдневно пие вода, не само еднаш, туку два пати, три пати или повеќе од тоа. Додека пиеме вода, ако мислиме дека вкусот на водата е Кришна, веднаш постануваме свесни за Кришна. Да се постане свесен за Кришна не е толку тешка работа. Едноставно тоа мораме да го вежбаме.
И ова е пример како да вежбаме да постанеме свесни за Кришна. Кога пиете вода и кога ќе се задоволите, вашата жед е задоволена и веднаш мислите дека оваа е Кришнината моќ на гасење на жедта. „Prabhāsmi śaśi sūryayoḥ“. Кришна вели: „Јас сум Сончевата светлост. Јас сум Месечината“. Значи, во текот на денот, секој ја гледа Сончевата светлост. Кога ќе ја видите Сончевата светлост, веднаш можете да се сетите на Кришна „Еве го Кришна“. Кога ќе ја видите Месечината навечер, веднаш можете да се сетите „Еве го Кришна“. На тој начин, ако вежбате, постојат многу примери кои се наведени во Бхагавад Гита, во Седмото Поглавје и ако ги читате внимателно ќе знаете како да практикувате свесност за Кришна. Кога ќе созреете во љубовта кон Кришна, ќе го гледате Кришна насекаде. Никој не мора да ви помогне да го видите Кришна, а Кришна ќе се разоткрие пред вас, поради вашата предаденост, поради вашата љубов. „Sevonmukhe hi jihvādau svayam eva sphuraty adaḥ“ (БС 1.2.234). Кришна, кога личноста е во расположение на служење, кога една личност разбира дека „Јас сум вечен слуга на Кришна“ тогаш Кришна ви помага, како да го видите Него. Тоа е изјавено во Бхагавад Гита:
- teṣāṁ satata-yuktānāṁ
- bhajatāṁ prīti-pūrvakam
- dadāmi buddhi-yogaṁ taṁ
- yena mām upayānti te
- (БГ 10.10)