MK/Prabhupada 0077 - Можете Научно и Филозофски да Проучувате



Ratha-yatra -- San Francisco, June 27, 1971

Кришна вели дека оние кои се постојано дваесет и четири часа, вклучени во Негова служба... Исто како што овие ученици, членови на Друштвото за Свесност за Кришна, постојано се вклучени во Кришнината служба. Во тоа е суштината на свесноста за Кришна. Тие се постојано вклучени во служба. Целта на оваа Ратха-јатра церемонија е еден од начините, еден ден сите да ја добиете таа можност да се вклучите во Свесноста за Кришна. Ова е само вежба и ако вежбате сиот живот, тогаш, во мигот на смртта, ако имате среќа да се сетите на Кришна, вашиот живот е успешен. Вежбањето е неопходно. „yaṁ yaṁ vāpi smaran loke tyajaty ante kalevaram“ (БГ 8.6). Мора да го напуштиме ова тело. Тоа е неизбежно. Но, ако во мигот на смртта се сетиме на Кришна, веднаш ќе бидеме пренесени во Кришниното престојувалиште. Кришна е насекаде, но Тој сепак има посебно живеалиште, кое е наречено Голока Вриндавана. Нашето тело е збир од нашите сетила. Над сетилата е умот, кој е многу суптилен и ги контрилира сетилата. Над умот се наоѓа интелигенцијата, а над неа е душата. Ние немаме знаење, но ако го практикуваме овој бхакти-јога систем, постепено ќе разбереме што сме. Јас не сум ова тело. Најчесто, дури и големите учени луѓе, филозофи и научници се поистоветуваат со телото. Секој си мисли: „Јас сум ова тело“, но тоа е погрешно. Ние не сме ова тело. Веќе го објаснив тоа. Телото значи сетилата, но сетилата се под контрола на умот. Умот го контролира интелигенцијата, а интелигенцијата е под контрола на душата. Тоа не го знаете. Во ниту еден образовен систем во светот не се објаснува постоењето на душата. А тоа е од најголемо значење за човечкото суштество. Човечките суштества не се наменети да си го трошат животот како животните, во јадење, спиење, размножување и бранење. Тоа е животински живот. Поголемата интелигенција кај човечките суштества треба да се искористи за разбирање на јатството. „Јас сум...Што сум јас? Јас сум духовна душа“. Ако разбереме дека „Јас сум духовна душа“, дека ова телесно сфаќање на животот, коешто има направено толкава збрка во светот...На телесно ниво јас си мислам дека сум Индиец, ти си мислиш дека си Американец, тој си мисли дека е нешто трето. Но, сите сме исти. Сите сме духовни души. Сите сме вечни слуги на Кришна, Џаганат.

Денес е многу убав, поволен ден. На овој ден Господ Кришна, кога бил присутен на земјата, присуствувал на церемонија на затемнување на сонцето на Курукшетра, и заедно со својот брат Баларама и Субадра, нивната сестра, заминале да го посетат полето Курукшетра. Местото Курукшетра сеуште постои во Индија. Ако некогаш отидете во Индија ќе видите дека Курукшетра е таму. Затоа оваа Ратха-јатра церемонија се прославува во чест на Кришнината посета на Курукшетра со Својот брат и сестра. Господ Џаганат, Господ Чеитанја Махапрабху, бил во екстаза. Тој го превземал љубовното расположение на Радхарани, па си си мислел, Кришна, те молам повторно врати се во Вриндавана. Така Тој танцувал пред Ратха-јатрата, атоа ќе го разберете ако прочитате некои од книгите издадени од нашето друштво. Една од нив е позната како „Учењата на Господ Чеитанја" Тоа е многу значајна книга. Ако сакате да научите повеќе за движењето за свесноста за Кришна, имаме доволно книги. Можете да ги проучувате научно и филозофски. Но, ако не сте наклонети кон изучувањето, само ако започнете да мантрате Харе Кришна, постепено се ќе ви се разоткрие и ќе го разберете вашиот однос со Кришна. Ви благодарам многу што учествувавте во оваа церемонија. Сега да запееме Харе Кришна и да продолжиме со Џаганата Свами. Харе Кришна.