MK/Prabhupada 0083 - Мантрајте Харе Кришна и Потоа Се Ќе Дојде



Lecture on SB 7.9.11-13 -- Hawaii, March 24, 1969

Значи Прахлад Махараџ вели, веќе зборувавме за ова, дека е потребна никаква квалификација. За да се смири, да му се угоди и да се задоволи Господ, не ви е потребна никаква пред-квалификација. Ох, требате да го поминете Вашиот испит на универзитетот или треба да постанете богат човек како Рокфелер или Форд или морате да постанете ова или она...Нема услови. Ahaituky apratihatā. Ако сакате да го сакате Кришна, нема проверка. Нема проверка. Патот е отворен. Едноставно морате да постанете искрени. Тоа е се. Тогаш Кришна ќе го расчисти патот. И ако нема искреност, тогаш тука веднаш е Кришнината маја. Таа секогаш ќе стави некој камен на сопнување: „Не ова, не ова, не ова“. И Прахлад Махараџ одлучи: „Иако сум дете, немам образование, не сум ги студирал Ведите и роден сум во семејство на татко атеист, со ниско раѓање, со лоши квалификации,... Бог го обожуваат побожните интелектуални личности, кои му нудат Ведски химни како и високо културните брахмани. Јас немам такви квалификации. Сепак, сите овие полубогови кои се на така висока положба, тие ме побараа мене. Тоа значи дека дури и јас можам да го смирам Бога. Инаку како тоа би го препорачале? Значи, какви год квалификации да имам, каква год интелегенција да имам, можам да ги понудам на Кришна“. Затоа, ова движење за свесност за Кришна е такво да каква и да квалификација имаш, тоа е доволно. Можете да почнете со таа квалификација. Обидете се да го служите Кришна со вашите квалификации. Затоа што вистинската квалификација е вашето чувство на служење. Тоа е вистинска квалификација. Затоа, развијте го тоа чувство, не вашите надворешни квалификации, убавина, богатство, знаење, ова, тоа...Не. Тие работи немаат вредност. Тие се вредни ако се користат во служба на служење на Кришна. Ако сте многу богат човек, ако го користите своето богатство во служба на служење на Кришна... Тоа е во ред. Но, немате потреба да постанете многу богат, па потоа да можете да го служите Кришна.

Прахлад Махараџ вели: „Nīco ajayā guṇa-visargam anupraviṣṭaḥ pūyeta yena pumān anuvarṇitena“. Некој, може да праша за раѓањето на Прахлад кое е во семејство на нечист татко. Тоа е аргумент. Прахлад не е нечист, но во дискусијата таткото или семејството му е со ниско раѓање и уште многу, многу работи можат да кажат. Но, Прахлад Махараџ вели: „Ако почнам, едноставно да го славам Господ, тогаш ќе бидам прочистен“. Ако мантрам, прочистивањето...Оваа Харе Кришна мантра е процес на прочистување. Не морам да се прочистам на поинаков начин, а потоа да почнам со Харе Кришна мантрата. Не. Почнете да мантрате. Тоа прочистува. Ќе бидете прочистени. Почнете да мантрате. Во која и да состојба се наоѓате, не е важно. Всушност, кога го започнав ова движење за свесност за Кришна, тие не дојдоа во многу прочистена состојба. Сите вие знаете дека оние кои дојдоа кај мене, тие се обучени од детството...Според индискиот стандард, тие не ги знаат ни основните принципи на хигиената. Што е прашање на прочистувањето? Гледате. Во Индија системот е така поставен да од детството, детето се тренира да се бања и да ги измие забите наутро. Да. Се сеќавам, кога мојот втор син имаше четири години, пред доручек знаев да го прашам „Покажи ми ги забите“. И тој ќе ги покажеше...„Да, во ред. Си ги измил забите. Тоа е во ред. Сега смееш да појадуваш“. Значи, постои обука. И тоа обука во оваа земја...Секако, негде постои, но не е премногу строга. Тоа не е битно. Пејте Харе Кришна. Почнете со Харе Кришна. Тогаш се ќе дојде. Се ќе дојде.