MK/Prabhupada 0082 - Кришна е Насекаде Присутен
Lecture on BG 4.24 -- August 4, 1976, New Mayapur (French farm)
Бхакта: Велиме дека Кришна е присутен во духовното, во срцето на живото суштество.
Прабхупад: Кришна е присутен насекаде.
Бхакта: Како личност или како енергија?
Прабхупад: Со Својата енергија. Исто така и лично. Личноста не можеме да ја видиме со сегашните очи, но енергијата можеме да ја почуствуваме. Оваа поента треба да се разјасни, се повеќе. Кога тоа во потпоплност ќе го реализираме, тогаш овој стих, дека се е брахма „sarvaṁ khalv idaṁ brahma“...Напредниот бхакта, тој не гледа ништо сем Кришна.
Бхакта: Шрила Прабхупад постои ли вистинска разлика помеѓу материјалната енергија и духовната?
Прабхупад: Да, постои разлика, има многу разлики. Ист пример е струјата. Многу работи функционираат на принцип на разлика во енергијата, напон. Дури и диктафонот работи поради таа иста енергија, струјата. Затоа, Кришна вели ahaṁ sarvasya prabhavaḥ (БГ 10.8). Тој е изворот на се.
Бхакта: Објаснето е во Бхагавад Гита дека личноста го менува своето тело за време на животот, но не гледаме дека црнецот постанува белец, постои константа, има нешто константно во телото кое не се менува. Што е тоа? Како тоа да една личност го менува телото, но сеуште можеме да препознаеме некој од младост до старост?
Прабхупад: Значи, кога понатаму ќе напредувате, ќе сфатите дека не постои разлика помеѓу црнецот и белецот. Исто како кога цветот ќе процвета, има многу бои. Значи, тоа доаѓа од ист извор. Не постои разлика, но постојат многу бои како би изгледало убаво. Во Сончевата светлост има седум бои и од тие седум бои, настануваат многу бои, потекнуваат од белата боја, а ги има толку многу. Дали е тоа јасно или не?
Бхакта: Шрила Прабхупад, ако Кришна се креирал и се е подредено на Кришнината волја, дали навистина можеме да кажеме што е добро а што лошо?
Прабхупад: Не постои добро или лошо, тоа е ментална измислица. Но, во целина материјален свет значи дека се е лошо.