MK/Prabhupada 0085 - Културата на Знаење Значи Спиритуално Знаење



Lecture on Sri Isopanisad, Mantra 9-10 -- Los Angeles, May 14, 1970

„Мудреците ни објасниле дека едно знаење доаѓа од културата на знаењето, а речено е дека друг резултат доаѓа од културата на незнаењето“. Вчера објаснивме, во одредена мерка, што е култура на незнаење, а што култура на знаење. Култура на знаење значи духовно знаење. Тоа е вистинско знаење. Унапредување на знаењето за уживање или знаење како да се заштити ова материјално тело, тоа е култура на незнаење. Затоа што, колку и да се обидувате да го заштитите ова тело, работите ќе се одвиваат по својот природен тек. Што е тоа? „Janma-mṛtyu-jarā-vyādhi“ (БГ 13.9). Не можете да го ослободите ова тело од поновното раѓање и умирање и додека е манифестирано, болеста и староста. Луѓето се постојано зафатени со негување на знаењето за ова тело, иако во секој момент гледаат дека тоа пропаѓа. Смртта на телото е предодредена, кога е родено. Тоа е факт. И не можете да го стопирате природниот тек на ова тело. Морате да го следите процесот на телото, значи раѓањето, смртта, староста и болеста.

И Бхагавата-та вели затоа „yasyātma-buddhiḥ kuṇape tri-dhātuke“ (ШБ 10.84.13). Ова тело се состои од три основни елементи: слуз, жолчка и воздух. Тоа е Ведско толкување и темел на Ајурведското лечење. Ова тело е вреќа од слуз, жолчка и воздух. Во староста протокот на воздух се нарушува, затоа старите луѓе страдаат од реума и толку други заболувања. Значи, Бхагавата-та вели: „Оној кој ја прифаќа оваа комбинација на жолчка, слуз и воздух као јатство, тој е магаре“. Всушност, тоа е факт. Ако ја прифатиме оваа комбинација од жолчка, слуз и воздух и мислиме дека тоа сме ние... Дали значи дека интелигентната личност, голем филозоф или голем научник, дали значи дека тој е мешавина на жолчка, слуз и воздух? Не. Тоа е грешка. Тој се разликува од жолчката, слузта и воздухот. Тој е душа. И во зависност од својата карма, тој го покажува, манифестира својот талент. Тие не ја разбираат кармата, овој закон на карма. Зошто наоѓаме толку многу различни личности?