MK/Prabhupada 0088 - Учениците Кои Ни се Придружија, Слушајќи Сфатија



Lecture on BG 7.1 -- San Diego, July 1, 1972

Брахма вели. Искуството на Брахма...Тој е највисоко живо битие во универзумот. Тој рекол: „Кога личноста ќе се откаже од оваа глупава навика на шпекулирање...“ Jñāne prayāsam udapāsya. Тој мора да постане понизен. Личноста не треба да се представува дека таа нешто знае, дека може да шпекулира, дека може нешто да измисли. Токму како и ткн. научници, тие едноставно шпекулираат и трошат енергија. Ништо не можете да сторите. Се е веќе испланирано. Не можете тоа да го промените. Можете едноставно да видите како тој закон функционира, можете да сторите само толку. Но, ниту можете да го менувате законот, нити да создадете подобра ситуација за спроведување на законот. Не, тоа не можете да го сторите. „Daivī hy eṣā guṇamayī mama māyā duratyayā“ (БГ 7.14). Duratyayā значи дека е многу тешко. Значи, Чеитанја Махапрабху, кога бил информиран за оваа изјава на Брахма, дека треба да се откаже од шпекулативната метода, дека тој може да создаде нешто...Треба да се откажеме од оваа глупава навика. Треба да се постане многу понизен. Попонизен од делчињата на тревата. Исто како кога ја газиме тревата, таа не се буни. „Во ред, господине, вие одите“. Таков тип на понизност. Tṛṇād api sunīcena taror api sahiṣṇunā. Taru значи стебло. Стеблото е толку трпеливо.

Значи, Чеитанја Махапрабху рекол „jñāne prayāsam udapāsya namanta eva...“. „Или јас ќе се откажам од овој процес на шпекулирање и ќе постанам попонизен, како што советуваш. Што е тогаш мојата идна должност?“ Следната должност е namanta eva, да се биде понизен, san-mukharitāṁ bhavadīya-vārtām, требате да и пристапите на личност која е посветеник и треба да го слушате. Sthane sthitah. Останете на своето место. Останете Американец. Останете Индиец. Останете Христијанин. Останете Индус. Останете црнец. Останете белец. Останете жена, маж, што и да сте. Едноставно послушајте што самоспознаените души имаат да ви кажат. Тоа е препорачано. А кога слушате, тогаш и размислувате. Исто како кога ме слушате мене и размислувате: „Што Смаџито рече...?“ Sthāne sthitāḥ śruti-gatāṁ tanu-vāṅ-manobhiḥ. Śruti-gatām. Śruti значи примање на знаење преку уво. Ако помислите и се обидете да сфатите со телото, умот, постепено...Затоа што вашата цел е спознание на јатството - душата. Значи, спознанието на душата е спознанието на Наддушата. Севишниот Господ е Наддуша. Ние сме негови делови. Значи, со овој процес, Чеитанја Махапрабху вели Господ, Аџита, оној кој никогаш не бива поразен...ако го...Ако сакате да го спознаете Господ на тој начин што ќе го предизвикате, никогаш нема да разберете. Господ никогаш не прифаќа предизвик. Затоа што Господ е голем, зошто Тој би го прифатил вашиот предизвик? Ако кажете: „О, мој драги Боже, молим Те дојди овде. Ќе те примам“. Господ не е таков, Тој не ги извршува вашите наредби. Вие морате да ги извршувате Неговите наредби, така ќе дојдете до спознание за Бога. Господ вели: „Предадете се“, „sarva-dharmān parityajya mām ekaṁ śaraṇaṁ vraja“ (БГ 18.66). Со тој процес ќе научите за Бог, а не „О, јас ќе го спознаам Господ. Јас сум интелигентен, ќе шпекулирам“. Не.

Значи, слушањето...Говориме за слушањето. Процесот на слушање е многу битен. Цело наше движење за свесност за Кришна, се прошири, затоа што на учениците кои ни се придружија им е дадено слушно прифаќање, прифаќање со слушање. По пат на слушањето, се во нив се промени. И тие ни се придружија со цело срце и тоа трае. Значи, слухот/слушањето е многу важно. Отвараме толку многу центри, само да им пружиме можност на луѓето да чујат за трансцеденталната порака. Значи, искористете ја можноста, сакав да кажам искористете ја предноста од процесот на слушање.