MK/Prabhupada 0090 - Систематски менаџмент - Инаку како ИСКОН би Постоел
Morning Walk -- December 5, 1973, Los Angeles
Прабхупад: Секој припаѓа на Кришниното семејство, но би требале да согледаме што да се стори за Кришна. Токму како што секој е граѓанин на државата. Зошто човекот добива повисока положба и голем наслов? Прабхупад: Зошто? Затоа што е признат.
Судама: Точно.
Прабхупад: Според тоа една личност би требала да служи и да биде едноставна. Едноставно да чувствува: „Јас припаѓам на семејството на Кришна“ и да не стори ништо, тоа не е...
Судама: Тоа не е добро.
Прабхупад: Тоа не е добро. Тоа значи дека ќе...Многу брзо тој ќе го заборави Кришна. Тој повторно ќе заборави.
Судама: Всушност, другиот елемент е толку моќен. Овие луѓе овде и тие се дел од Кришниното семејство, но бидејќи тоа го заборавиле, тогаш и на нас влијае нивната заборавеност.
Прабхупад: Да. Заборавност значи маја.
Судама: Да.
Прабхупад: Маја не е ништо. Тоа е заборавеност. Тоа е се. Тоа нема постоење. Заборавеноста, не стои. Но, се додека постои, многу е незгодна.
Судама: Неколку бхакти ми поставија прашање како понекогаш не се чуствуваат среќно. Дури и ако се психички незадоволни треба да се продолжи со свесноста за Кришна. Јас им велам, дури и ако се несреќни...
Прабхупад: Но ти би требал да покажеш со пример. Ако покажеш спротивен пример, како ќе те следат? Примерот е подобар од правилата. Зошто живееш надвор?
Судама: Па, јас...
Прабхупада: ( мал одмор )...последниот пат овде моето здравје многу се влоши и јас морав да го напуштам ова место. Тоа не значи дека ќе го напуштам Друштвото. Отидов во Индија и се опоравив. Потоа отидов во Лондон. Тоа е се во ред. Значи здравјето понекогаш може да биде причина...Но, тоа не значи дека ќе се откажеме од Друштвото. Ако моето здравје е непогодно овде, јас ќе одам...Имаме на стотици центри. Но, не можеме да одиме надвор од универзумот зарад опоравување на здравјето. Требате да останете во универзумот. Зошто тогаш да одите надвор од Друштвото? ( мал одмор )...Шри Наротам дас Тхакур вели дека мораме да живееме со бхактите. Зошто го напуштив моето семејство? Затоа што тие не беа бхакти. Затоа дојдов... Во спротивно, во староста ќе бев комфорен. Не. Не би требале да живееме со оние кои не се бхакти, било да се членови на семејството или било кој друг. Исто како Махараџ Вибишан. Бидејќи неговиот брат не бил бхакта, тој го напуштил, го оставил. Вибишан отишол кај Рамачандра. Знаете ли тоа?
Судама: Да.
Хрдајананда: Значи Прабхупад вели дека санјасито треба да живее сам, тоа значи само со бхакти.
Прабхупад: Кој...! Каде се вели дека санјасито треба да живее сам?
Хрдајананда: Мислам, понекогаш во твоите книги.
Прабхупад: Ех?
Хрдајананда: Понекогаш во твоите книги. Дали тоа значи со бхактите?
Прабхупад: Во принцип, санјасито може да живее сам. Но, должноста на санјасито е да проповеда.
Судама: Тоа јас никогаш не сакам да го престанам.
Прабхупад: Ех?
Судама: Никогаш не сакам да престанам да проповедам.
Прабхупад: Проповедање, не можете да произведете проповедање. Морате да проповедате во склад со принципите кои ви ги одредил вашиот духовен учител. Не можете да произведете личен начин на проповедање. Тоа се бара. Тука мора да има некој лидер. Под водство. Yasya prasādād bhagavat...Зошто е речено? Секаде, во канцелариите постои некој непосреден шеф. Значи, морате да го задоволите. Тоа е услуга. Да претпоставиме дека во канцеларијата, во одделот постои надзорник на канцеларијата. И ако тука работите по свое „Да, ја работам својата работа“ а надзорникот на канцеларијата не е задоволен, дали мислите дека таа служба е добра? Слично на тоа, ние сегде поставивме непосредни шефови. Значи мораме да работиме. Тоа е систематски. Ако секој произведува и измислува свој начин на живот, тогаш тука ќе постои хаос.
Судама: Да, тоа е истина.
Прабхупад: Да. Сега сме светска организација. Тука има духовна страна, но тука е и материјалната страна, исто така. Тоа не е материјална страна. Тоа е исто духовна страна, значи системски менаџмент. Во спротивно, како тоа ќе биде сторено? Исто како што Горасундара ја продаде својата куќа и нема траг од парите. Како тоа? Тој никого ништо не праша. Ја продаде куќата и каде се парите им нема трага.