MK/Prabhupada 0091 - Стојте Овде Голи



Morning Walk -- July 16, 1975, San Francisco

Дхармадхјакша: Во денешно време, всушност тие ја сфаќаат својата грешка и ја студираат смртта повеќе, се повеќе обидувајќи се да се подготват за смртта. Но, единствено што можеме да им кажеме е: „Прифатете го тоа“. Единствената работа што тие можат да кажат е: „Ти ќе умреш. Затоа, тоа прифати го тоа со весел став“.

Прабхупад: Но, јас не сакам да умрам. Зошто да бидам весел? Тој будала, тој ќе каже: „Бидете весел“. ( смеење ) „Весело, ќе бидете обесени“. ( смеење ) Адвокатот ќе рече: „Нема врска. Го изгубивте случајот. Сега весело ќе бидете обесени“. ( смеење )

Дхармадхјакша: Тоа е всушност целта на целокупната модерна психологија, да се навикнат на фактот дека мораат да останат во овој материјален свет и ако имаат желба да го напуштат материјалниот свет, тие ќе ви речат дека сте луди. „Не, не. Сега мора да се прилагодите уште повеќе на материјалните услови“.

Бахулашва: Тие ве учат да ги прифатите фрустрациите на животот. Ве учат како би ги прифатиле сите фрустрации на животот.

Прабхупад: Зошто фрустрација? Вие сте голем, голем научник. Вие тоа не можете да го решите?

Дхармадјакша: Тие не можат да решат ништо, затоа што и тие имаат исти проблеми.

Прабхупад: Истата логика „Весело обеси се“. Тоа е се. Штом ќе дојде до некоја тешка тема, се откажуваат. И тогаш шпекулираат за некои глупости. Тоа е се. Тоа е нивното образование. Едукација значи atyantika-duḥkha-nivṛtti, конечно решение за сите несреќи. Тоа е образование/едукација, а не после доаѓањето до одредено ниво да се престане „Не, можете да умрете среќно“. А што е duhkha, несреќа? Тоа е претставено од Кришна: „Janma-mṛtyu-jarā-vyādhi duḥkha-doṣānu...“ (БГ 13.9). Тоа се вашите несереќи. Обидете се да ги разрешите. А тие тоа внимателно го избегнуваат. Тие не можат да ја стопираат смртта, ни раѓањето, ни староста, ни болестите. И за време на краткиот живот, раѓањето и смртта, градат големи, големи згради како во следниот живот би постанале стаорец внатре во зградата. ( смеење ) Природа. Не можеме да ги избегнеме законите на природата. Како што не можете да ја избегнете смртта, слично, природата ќе ви даде друго тело. Ќе постанете стебло во оној универзитет. Да стоите пет илјади години. Сакате да бидете голи. Никој тогаш нема да ви приговара. Стојте овде голи.