MK/Prabhupada 0092 - Треба Да Ги Тренираме Нашите Сетила Да Го Задоволат Кришна



Lecture on BG 2.20-25 -- Seattle, October 14, 1968

Секој во овој материјален свет е во замката на сетилното уживање. Било да е тоа на повисоки планети или пониски планети. Токму, како што во животинското царство постои сетилен поттик, така и кај човечките суштества. Што е човечкото суштество? Ние сме цивилизирани суштества, што ние работиме? Иста работа. Јадење, спиење, размножување. Истата работа, која кучето ја прави. Значи, било да е во материјалниот свет или на повисоките планети или пониските планети, сетилното уживање е проминентно. Само во духовниот свет не постои такво нешто. Таму едноставно постои само настојување да се задоволи Кришна. Тоа е... Овде секој се обидува да ги задоволи своите сетила. Тоа е законот на материјалниот свет. Тоа е материјалниот живот. Толку долго се обидувате да ги задоволите вашите сетила, таков е вашиот материјален живот. И кога ќе се свртите кон задоволување на Кришнините сетила, тоа е тогаш духовен живот. Тоа е многу едноставна работа. Наместо да се задоволува...„Hṛṣīkeṇa hṛṣīkeśa-sevanam“ (ЧЧ Мадја 19.170). Тоа е бхакти.

Имате сетила. Требате да ги задоволите. Сетила, сетилата треба да се задоволат. Или се задоволувате себеси...Но, вие тоа не го знаете. Условената душа не знае дека со задоволувањето на Кришнините сетила, неговите сетила по автоматика ќе бидат задоволени. Ист пример, како кога му залевате вода на коренот...Како прстите кои се составни делови на моето тело, кога ќе му дадете храна на стомакот, автоматски и прстите ќе ја добијат/ќе бидат задоволни. Оваа тајна ние ја пропуштаме. Ние мислиме, ќе бидеме среќни обидувајќи се да ги задоволиме своите сетила. Свесноста за Кришна значи, не се обидувајте да ги задоволувате вашите сетила. Обидете се да ги задоволите сетилата на Кришна и автоматски вашите сетила ќе бидат задоволени. Тоа е тајната на свесноста за Кришна. Спротивната страна мисли: „Ох, зошто ќе задоволувам? Зошто да работам за Кришна цел ден и ноќ? Пуштете ме да се обидам кај кармите“. Исто како, кога вие цел ден и ноќ работите за Кришна, тие мислат: „Какви будали се тие. Ние сме многу интелигентни. Ние работиме за нашето сетилно уживање цел ден и ноќ, а зошто тие работат за Кришна?“

Во тоа е разликата помеѓу материјалистите и спиритуалистите. Во духовноста настојувањето е да се работи, цел ден и ноќ, истрајно, без било какви пречки, само за Кришна. Тоа е духовен живот. Додека, материјалистот вложува исти такви потфати, секогаш настојувајќи да ги задоволи своите лични сетила. Тоа е разликата, материјализам и духовност. Затоа, Движењето за свесност за Кришна значи дека треба да ги оспособиме нашите сетила за Кришниното задоволство. Тоа е се. Толку долго во други, претходни и многу, многу илјади и милиони животи, сме се обиделе, само да ги задоволуваме своите сетила, лични сетила. Нека овој живот биде посветен за задоволување на Кришнините сетила. Тоа е свесност за Кришна. Еден живот. Имавме неколку животи и се обидовме да ги задоволиме нашите лични сетила. Нека во овој живот, барем во еден живот се обидам да видам што ќе се случи. Немаме што да изгубиме. Дури и ако чувствуваме непријатности поради незадоволување на нашите сетила, ние не сме губитници. Обидете се едноставно да ги задоволите сетилата на Кришна, тогаш се ќе биде во ред.