MK/Prabhupada 0094 - Нашата работа е да ги повторуваме зборовите на Кришна
Lecture on BG 1.20 -- London, July 17, 1973
Живеењето безбожен живот не ни дава можност да се распрашуваме за Бога нити Бог може да се разбере. Неколку пати сме го повториле стихот:
- yeṣāṁ tv anta-gataṁ pāpaṁ
- janānāṁ puṇya-karmaṇām
- te dvandva-moha-nirmuktā
- bhajante māṁ dṛḍha-vratāḥ
- (БГ 7.28).
Pāpīs, грешните луѓе, тие не можат да разберат. Тие разбираат на тој начин: „Кришна е Бхагаван, значи и јас сум Бхагаван. Тој е обичен човек, можеби малку помоќен, историски многу познат човек. Значи, Тој меѓу другото е човек. И Јас сум човек. Па зошто не и јас да сум Бог?“ Тоа е заклучокот на абхактитие, не-посветениците и грешните луѓе.
Секој кој самиот себеси се прогласува за Бог, веднаш би требале да знаете дека е најголем грешник. А ако го проучувате неговиот приватен живот ќе видите дека тој е грешник број еден. Тоа е тест. Инаку никој нема да каже „Јас сум Бог“, лажно да се претставува. Никој. Секој побожен човек нема тоа да го стори. Тој знае: „Што сум јас? Јас сум обично човечко суштество. Како можам да тврдам дека ја завземам положбата на Бог?“ И тие постануваат популарни помеѓу ништожниците.
Како што се вели во Шримад Бхагаватам: „śva-viḍ-varāhoṣṭra kharaiḥ“ (ШБ 2.3.19). Кој е тој стих? Uṣṭra-kharaiḥ, saṁstutaḥ puruṣaḥ paśuḥ. Тие...Можеме да видиме во овој свет дека има многу „големи луѓе“, таканаречени големи луѓе и тие се многу се глорифицираат од луѓето. А Бхагаватот вели дека секој кој не е бхакта, кој никогаш не мантра Харе Кришна мантра, тој може да биде многу голем човек по препорака на ништожниците, но тој не е ништо друго од обично животно. Животно. Значи śva-viḍ-varāha-uṣṭra-kharaiḥ. „Значи како можеш тоа да го кажеш, за така голем човек. Велиш: „Тоа животно“. Нашата работа е многу неблагодарна задача. Велиме било кој човек кој не е бхакта, тој е крадец, ништожник. Тоа го велиме општо. Тоа е многу остар збор, но мораме да го кажеме. Штом видиме дека тој не е Кришнин бхакта, тогаш тој е ништожник. Како велиме? Тој не е мој непријател, но тоа мораме да го кажеме, затоа што тоа е наведено така од Кришна.
Ако сме навистина свесни за Кришна, тогаш нашата работа е да ги повторуваме зборовите на Кришна. Тоа е се. Која е разликата помеѓу Кришниниот представник и непредставник? Представникот на Кришна едноставно ќе го повтори она што Кришна го вели. Тоа е се. Тој е представник. Тоа не бара многу квалификации. Едноставно повторувајте со цврсто уверување. Како што Крична вели: „Sarva-dharmān parityajya mām ekaṁ śaraṇaṁ vraja“ (БГ 18.66). Оној кој го прифатил тој факт дека: „Ако се предадам на Кришна, целата моја работа ќе биде успешна“, тој е представник на Кришна. Тоа е се.
Не требате да бидете многу високо едуциран или напреден. Ако едноставно го прифатите она што Кришна го вели...Исто како што Арџуна рекол: „Sarvam etaṁ ṛtam manye yad vadasi keśava“ (БГ 10.14). „Драг мој Кришна, Кешава, се што Ти ќе кажеш, јас тоа го прифаќам, без било какви промени“. Тоа е бхакта. Затоа, Арџуна е наречен „bhakto 'si“. Тоа е работата на посветеникот. Зошто би требал да мислам за Кришна дека е обичен човек, како мене? Тоа е разликата помеѓу бхакта и небхакта. Бхактата знае дека: „Јас сум безначајна, мала искра на Кришна. Кришна е посебна личност. Јас сум исто така индивидуа. Но, ако ја разгледуваме Неговата моќ и мојата моќ, јас сум многу безначаен“. Тоа е разбирањето на Кришна.
Нема потешкотии. Едноставно, личноста мора да биде искрена, не грешна. Но грешниот човек не може да го разбере Него. Грешниот човек ќе рече: „Ох, Кришна е исто човек. Јас сум исто така човек. Зошто јас не сум Бог? Тој е едноставно Бог? Не, јас сум исто така. Јас сум Бог, ти си Бог, секој е Бог“. Исто како што и Вивекананда рекол: „Зошто го барате Бог? Зарем не гледате како толку многу богови денгупат по улиците?“ Гледате. Тоа е неговата реализација на Бог. Тоа е неговата реализација на Бог. И тој постанал голем човек: „Ох, тој ги гледа сите како Бог“.
Оваа лудост, расипништво се случува во целиот свет. Не знаат што е Бог, која е силата на Бог, што се подразбира под Бог. Тие прифаќаат некои ништожници како Бог. Тоа се случува во денешно време. Уште еден ништожник се појавил. Тој исто себеси се нарекува Бог. Значи, тоа постана многу ефтина работа. Но, тие немаат мозок да мислат дека: „Јас тврдам дека сум Бог? Каква тоа моќ поседувам?“
Тоа е мистерија. Тоа е мистерија. Без да постанете бхакта, мистеријата на разбирање на Бог не е возможна. А Кришна напишал во Бхагавад Гита, како некој може да Го спознае. „Bhaktyā mām abhijānāti yāvān yaś cāsmi tattvataḥ“ (БГ 18.55). Само со посветеност, едноставно. Тој можел да каже: „Со големо, најголемо знаење“ или со „јогички процес“ или со „своето делување, постанувајќи многу голем карми, една личност може да Ме разбере“. Не, Тој никогаш, никогаш тоа не го рекол. Значи кармите, дјаните, јогите се ништожници. Тие не можат да го разберат Кришна. Сите се ништожници. Кармите се ништожници од трета класа, дјанијите се второстепени ништожници, а јогите се првокласни ништожници. Тоа е се.