MK/Prabhupada 0095 - Нашата работа е да се предадеме
Lecture on BG 4.7 -- Bombay, March 27, 1974
Ние се предаваме, но не се предаваме на Кришна. Тоа е болест. Тоа е болест. А, движењето за свесност за Кришна, значи да се лекува таа болест. Да се излечи оваа болест. Кришна исто така доаѓа. Тој вели: „Yadā yadā hi dharmasya“ (БГ 4.7). Dharmasya glāniḥ, отстапувања по прашање на извршување на религијата, кога постојат отстапувања, Кришна вели: „Tadātmānaṁ sṛjāmy aham“. И abhyutthānam adharmasya. Тука има две работи. Кога луѓето не се предаваат на Кришна, тие измислуваат толку многу „Кришни“, толку многу ништожници, кои се предаваат. Тоа е adharmasya. Дхарма значи да се предадеме на Кришна, но наместо да се предадат на Кришна, тие сакаат да се предадат на мачки, кучиња, на ова, на она, на многу работи. Тоа е adharma.
Кришна не дојде да воспостави таканаречена Инду религија или муслиманска религија или христијанска религија. Не. Тој дојде да воспостави вистинска религија. Вистинска религија значи дека мораме да се потчиниме, да се предадеме на вистинска личност. Тоа е вистинска религија. Ние се предаваме. Секој има некоја идеја. Тој се предал на тоа. Дали политичка, социјална, економска, верска или било која. Секој има некоја идеја. А и водач на некој од тие идеали исто така постои. Значи, нашата работа е да се предадеме. Тоа е факт. Но, ние не знаеме каде да се предадеме. Тоа е потешкотијата. И поради тоа што предавањето е погрешно или загубено, целиот свет е во хаотична состојба.
Ние го менуваме ова предавање за она предавање. Нема повеќе конгресна партија. Сега ќе биде комунистичка партија. И повторно:„Нема повеќе комунистичка партија, туку сега оваа партија, онаа партија“. Која е користа од менувањето партии? Бидејќи оваа или онаа партија, тие не се предадени на Кришна. Значи, се додека не дојдете до точка да се предадете на Кришна, се дотогаш нема мир. Тоа е смислата. Самата промена од тавче за пржење во пржење на оган, нема да ве спаси. Затоа последното упатство на Кришна е:
- sarva-dharmān parityajya
- mām ekaṁ śaraṇaṁ vraja
- ahaṁ tvāṁ sarva-pāpebhyo
- mokṣayiṣyāmi...
- (БГ 18.66)
Отстапувањата во религијата значи...Ова исто така е наведено во Шримад Бхагаватам. Sa vai puṁsāṁ paro dharmaḥ. Прва класа или супериорна дхарма. Paraḥ значи супериорно, трансцедентално. „Sa vai puṁsāṁ paro dharmo yato bhaktir adhokṣaje“ (ШБ 1.2.6). Кога се предаваме на Adhokṣaja... Adhokṣaja значи врховен, трансцедентален или Кришна. Другото име на Кришна е Adhokṣaja. Ahaituky apratihatā. Ahaitukī значи без било каква причина. Без било каква причина. Не дека: „Кришна е оваков и онаков, па затоа ќе се предадам“. Не. Без било каква причина. Ahaituky apratihatā. И тоа не може да се провери. Никој тоа не може да го провери. Ако сакате да се предадете на Кришна, нема проверка, нема препрека. Можете тоа да го сторите во било која позиција. Ahaituky apratihatā yayātmā suprasīdati. Тогаш, ātmā-та, вашата ātmā, вашата душа, вашиот ум, вашето тело ќе бидат задоволни. Тоа е процес.