MK/Prabhupada 0118 - Проповедањето не е многу тешка работа



Lecture on SB 1.5.8-9 -- New Vrindaban, May 24, 1969

Оној што ќе му се предаде на Кришна, односно на Бога, е многу среќен човек. Bahūnāṁ janmanām ante jñānavān māṁ prapadyate (БГ 7.19). Оној што ќе се предаде не е обичен човек. Тој е поголем од сите учени луѓе, од сите филозофи, сите јогини и сите карми. Оној што ќе се предаде е највеликиот човек. Затоа е ова знаење толку доверливо. Нашето учење, движењето за свесноста за Кришна, за да се претстави Бхагавад-гита каква што е, е процес што ги подучува луѓето како да му се предадат на Кришна, односно на Бога. Тоа е сè. Затоа Кришна вели дека тоа е доверливо. Не го прифаќа секој, туку само оној што ќе се сложи да го превземе ризикот: „Ве молиме, предајте се...“. Кога одите да проповедате, знаете дека проповедниците понекогаш ги напаѓаат. Онака како што Натјананда Прабу беше нападнат од Џагаи-Мадхаи. Онака како што Господ Исус Христос беше распнат и убиен...Проповедникот превзема ризик. Затоа Кришна вели: „Овие теренски работници кои ја проповедаат Бхагавад-гита каква што е, тие Ми се многу, многу мили. Многу, многу мили“. Na ca tasmān manuṣyeṣu kaścin me priya-kṛttamaḥ (БГ 18.69). „Никој не Ми е помил од луѓето кои ја проповедаат оваа доверлива вистина за Мене“.

Затоа, ако сакаме да го задоволиме Кришна, мораме да го превземеме овој ризик. Кришна е нашиот гуру. Мојот духовен учител го превзел овој ризик и почнал да проповеда, па нè инспирирал и нас да почнеме да проповедаме. Сега ве молиме и вас да почнете да проповедате. Меѓутоа, оваа работа, како да кажам, не ја правиме доволно...Не е недоволно, но би можеле да проповедаме повеќе. Еве, да претпоставиме дека не сме многу образовани. Како ова момче. Ако сега го испратам да проповеда, тој не е многу образован. Не е филозоф. Не е учен човек. Но и тој може да проповеда. Може да проповеда. Зашто нашето проповедање не е многу тешка работа. Само треба да тргнеме од врата до врата и едноставно ги замолиме луѓето: „Мил господине, мантрајте Харе Кришна“. А ако човекот е малку понапреден: „Ве молиме читајте ги Учењата на Господин Чеитанја. Многу се добри. Ќе имате голема корист“. Овие три-четири збора ќе ве направат проповедници. Дали е тоа толку тешко? Не треба да сте многу образовани, да сте учени, да сте филозофи. Само кажете ги овие зборови... и тргнете од врата до врата. „Мил господине, вие сте многу учен човек. Но, извесно време престанете со вашето учење. Едноставно мантрајте Харе Кришна“.