MK/Prabhupada 0127 - Славна институција беше уништена заради каприц
Lecture on SB 1.2.11 -- Vrndavana, October 22, 1972
Тогаш... Мојот Гуру Махараџ велеше „Не се труди да го видиш Кришна; направи нешто за Кришна тебе да те види." Тоа се бара. Ако Кришна, ако успееш да го привлечеш вниманието на Кришна, yat kāruṇya-katākṣa-vaibhavavatām, katākṣa-vaibhavavatām... Прабодананда Сарасвати вели: „Ако на некој начин го привлечеш барем малку вниманието на Кришна, твојот живот е успешен.“ Веднаш. А како да го привлечеш? Bhaktyā mam abhijānāti (BG 18.55). Едноставно служејќи го Кришна. Направи служба, направи служба за Кришна, по упатство на духовниот учител. Затоа што духовниот учител е претставник на Кришна. Не можеме да му пријдеме на Кришна директно. Yasya prasādād bhagavat-prasādaḥ. Ако имаш веродостоен духовен учител, претставник на Кришна, не е толку тешко. Секој може да стане претставник на Кришна. Како? Едноставно ако ја пренесуваш пораката на Кришна без никаква измена. Тоа е сè. Како што кажа Чеитанја Махапрабу: amara ajnaya guru hana (CC Madhya 7.128), "Стани духовен учител по Моја наредба." Ако ја извршиш наредбата на Чеитанја Махапрабу - Кришна, тогаш стануваш Гуру. Āmāra ājñāya guru hañā. За жал ние не сакаме да ја извршиме наредбата на ачарјите. Измислуваме сопствени начини. Имаме практично искуство како славна институција беше уништена заради каприц. Без извршување на наредбата на духовниот учител, тие произведоа нешто свое и сè беше уништено. Затоа Вишванат Чакраварти Такур толку многу ги потенцира зборовите на духовниот учител. Vyavasāyātmikā buddhir ekeha kuru-nandana (BG 2.41). Ако се држиш до наредбите на духовниот учител, тогаш, без да се грижиш за сопствената удобност или неудобност, тогаш ќе станеш совршен.
- yasya deve parā bhaktir
- yathā deve tathā gurau
- tasyaite kathitā hy arthāḥ
- prakāśante mahātmanaḥ
- (ŚU 6.23)
Тоа е потврдено од сите авторитети. Со голема верба треба да ја следиме наредбата на веродостојниот претставник на Кришна. Тогаш нашиот живот е успешен. Тогаш навистина ќе го сфатиме Кришна. Vadanti tat tattva-vidas tattvam (SB 1.2.11). Мораме да слушаме од татва-вит, не од таканаречените „учени луѓе" или политичари. Не. Оној што ја спознал вистината, треба од него да слушаш. И ако се држиш до тој принцип, тогаш си разбрал сè како што треба. Ви благодарам многу.