MK/Prabhupada 0126 - Само за задоволство на мојот духовен учител



Lecture on BG 4.18 -- Delhi, November 3, 1973

Посветеничката: Рече дека ако изведуваме некаква активност, таа активност мора да биде тестирана со тоа дали е Кришна задоволен. Но кој е тестот?

Прабупада: Ако духовниот учител е задоволен, тогаш и Кришна е задоволен. Тоа го пеете секојдневно. Yasya prasādād bhagavat-prasādo yasyāprasādān na gatiḥ kuto 'pi. Ако духовниот учител е задоволен, тогаш и Кришна е задоволен. Тоа е тестот. Ако тој не е задоволен, тогаш нема друг начин. Тоа е многу едноставно. Да претпоставиме, некој што работи во канцеларија, претпоставениот му е главен, раководителот или управникот на тој оддел. Значи сите работат. Ако работникот го задоволи управникот или раководителот, тогаш се подразбира дека го задоволил и генералниот директор. Не е толку сложено. Твојот претпоставен, претставникот на Кришна, тој треба да биде задоволен. Yasya prasādād bhagavat-prasādo yasya. Затоа водството на духовниот учител е важно. Кришна се појавува во облик на духовниот учител да нè води. Тоа е потврдено во Чеитанја-чаритамрита. Guru-kṛṣṇa-kṛpāya. Guru-kṛṣṇa-kṛpāya. Значи гуру-крипа, милоста на гуруто, е милоста на Кришна. Кога двајцата се задоволни, тогаш нашиот пат е чист. Guru-krishna-krpāya paya bhakti-lata-bija (CC Madhya 19.151). Тогаш нашето посветено служење е совршено. Значи не ја забележа таа изјава во Гурваштака? Yasya prasādād bhagavat-prasādo yasyāprasādān na gatiḥ kuto 'pi. Исто како ова движење. Ова движење беше започнато само за задоволство на мојот духовен учител. Тој сакаше. Чеитанја Махапрабу сакаше ова движење да се рашири низ целиот свет. Така тој им нареди на многу од моите браќа по бога, и посака... Дури не ни нареди, тој посака. Прати еден од моите браќа по бога во западните земји да го рашири, но на некој начин не успеа. Беше повикан назад. Така јас помислив: "Ајде јас да пробам во мојата старост". Значи единствената желба ми беше да ја задоволам желбата на духовниот учител. Сега вие ми помогнавте. Станува успешно. А тоа е yasya prasādād bhagavat-prasādaḥ. Ако искрено делуваме под водство на духовниот учител, така Кришна е задоволен и Кришна ќе ни помогне да напредуваме.