MK/Prabhupada 0128 - Јас никогаш нема да умрам
(Redirected from MK/Prabhupada 0128 - јас никогаш нема да умрам)
Press Conference -- July 16, 1975, San Francisco
Репортерот: Колку членови има во Америка? Ми беше кажано околу две илјади. Дали е тоа приближно точно?
Прабхупада: Тоа тие можат да го кажат.
Џајатирта: Па, нашата официјална бројка е дека има десет илјади членови во целиот свет. Колку од нив се од Америка не е прецизно пресметано.
Репортерот: Напишав статија за ова движење пред пет години и бројката во тоа време беше исто така две илјади во Америка.
Прабхупада: Се зголемува.
Репортерот: Се зголемува?
Прабхупада: О, да. Секако.
Џајатирта: Реков дека десет илјади се во целиот свет.
Репортерот: Да, разбрав. Може да ми кажете колку години имате?
Џајатирта: Сака да знае колку години имаш, Шрила Прабхупада.
Прабхупада: Да, за еден месец ќе наполнам осумдесет.
Репортерот(2): Осумдесет?
Прабхупада: Осумдесет години.
Репортерот: Што ќе се случи...
Прабхупада: Роден сум во 1896. можеш да пресметаш.
Репортерот: Што ќе се случи со движењето во Америка кога ти ќе умреш?
Прабхупада: Јас нема да умрам никогаш.
Бхактите: Џаја! Харибол! (смеење)
Прабхупада: Јас ќе живеам во книгите, а вие ќе се водите по нив.
Репортерот: Дали подготвувате наследник?
Прабхупада: Да, мојот Гуру Махараџ е тука. Каде е мојата слика од Гуру Махараџ? Јас мислам... Еве ја.
Репортерот: Зошто Харе Кришна движењето не се вклучува во општествените протести?
Прабхупада: Ние сме најдобрите општествени работници. Луѓето се будали и никаквеци. Ние ги учиме на една убава свесност за Бог. Ние сме најдобрите општествени работници. Ќе го запреме целиот криминал. Која е вашата општествена работа? Произведувате хипици и криминалци. Тоа не е општествена работа. Општествена работа значи дека луѓето мора да бидат спокојни, мудри, интелигентни, свесни за Бога, првокласни луѓе. Тоа е општествена работа. Ако произведувате некакви четворокласни, петокласни, десетокласни луѓе, каква е таа општествена работа? Ние ова го произведуваме. Само погледнете. Еве првокласни луѓе. Тие немаат никакви лоши навики, незаконски секс, не се интоксицираат, не јадат месо и не се коцкаат. Тоа се сè млади луѓе. Не се навлечени на ниедна таква активност. Тоа е социјална работа.
Бхактадас: Шрила Прабхупада, тие сакаат да знаат каков ќе биде политичкиот ефект на Харе Кришна движењето?
Прабхупада: Сè ќе се среди ако се прифати ова Харе Кришна движење. Yasyāsti bhaktir bhagavaty akiñcanā sarvair gunais tatra samāsate surah (SB 5.18.12). Ако се рашири оваа свесност за Бог, тогаш сите ќе станат извонредно квалификувани. Но без свесноста за Бог, таканареченото образование, како што зборувавме утрово, нема никаква вредност. Едноставно само зборуваат. Која беше темата за која што зборувавме?
Бахулашва: Психологија, ова утро.
Прабхупада: Како последица, студентите разочарани се фрлаат од кулата. А како заштита е поставено стакло.
Бахулашва: Во ѕвонарата во дворот на Беркли, студентите во 60тите скокаа од кулата за да се самоубијат. Па ставија стакло да ги спречат студентите од скокање. Прабхупада објаснуваше дека такво е нивното образование, откако ќе го стекнат, тие скокаат да се самоубијат.
Прабхупада: Тоа не е образование. Vidyā dadhāti namratā. Школуван значи дека тој е понизен, нежен, прибран, полн со знаење, практично го применува знаењето во животот, толерантен, го контролира умот и сетилата. Тоа е образование. Какво е ова образование?
Репортерот: Дали се трудите да отворите факултет?
Прабхупада: Да, тоа е мојот следен чекор, да образуваме според класите. Првокласни, второкласни, третокласни, сè до четвртата класа. А потоа петокласните, шестокласните, тие класи автоматски си постојат. Значи првокласни луѓе мора да има, барем во општеството, совршена класа на луѓе, а тоа се оние кои се обучени да го контролираат умот, да ги контролираат сетилата, многу чисти, вистинољубиви, толерантни, едноставни, полни со знаење, практично го применуваат знаењето во животот и имаат потполна верба во Бога. Тоа се првокласни луѓе.