MK/Prabhupada 0131 - Сосема е природно да се предадеш на таткото
Lecture on BG 7.11-16 -- New York, October 7, 1966
Ова лудило, оваа халуцинација, оваа илузија на овој материјален свет, многу тешко се надминува. Многу тешко. Но Господ Кришна вели: mām eva ye prapadyante māyām etāṁ taranti te (BG 7.14). Ако било кој, самоволно, или сваќајќи го својот беден живот, ако се посвети на Кришна: „Мој драг Кришна, Tе заборавив толку многу животи. Сега сватив дека Ти си мојот татко, Ти си мојот заштитник. Тебе ти се предавам." Исто како што детето што се изгубило доаѓа кај татка си: „Мој драг татко, моја беше грешката што си заминав од твојата заштита, но јас страдав. Сега се вратив кај тебе." Таткото го прегрнува: „Драг мој сине, дојди тука. Толку се грижев сиве овие денови. Ох, толку сум среќен што се врати." Таткото е толку добар. Така и ние сме во истата положба. Штом се предадеме на Севишниот Господ... Тоа не е толку тешко. Кога синот се предава на татка си, дали е тоа тешко да се направи? Дали мислите дека е тешко тоа да се направи? Кога синот се предава на татка си, тоа е природно. Нема тука навреда. Таткото е секогаш супериорен. Така да ако ги допрам стапалата на татко ми, ако се поклонам пред него, тоа е за слава. Славно е за мене. Нема никаква навреда. Тоа не е тешко. Зошто да не се предадеме на Кришна? Значи тоа е процесот: Mām eva ye prapadyante. „Сите овие збунети живи суштества, кога ќе Mи се предадат," māyām etāṁ taranti te (BG 7.14), „За него нема повеќе беди во животот." Веднаш станува заштитен од татка си. Ќе прочитате на крајот од Бхагавад Гита: ahaṁ tvāṁ sarva-pāpebhyo mokṣayiṣyāmi mā śucaḥ (BG 18.66). Кога таткото... Кога детето доаѓа на градите на мајката, мајката го штити. Ако има било каква опасност, мајката е спремна да си го даде својот живот на сметка на животот на детето. Слично на тоа, кога сме под заштита на Господ, не постои никаков страв.