MK/Prabhupada 0137 - Која е целта на животот? Кој е Бог?



Lecture on BG 7.4 -- Nairobi, October 31, 1975

Харикеша: „Превод - Земјата, водата, воздухот, огнот, етерот, умот, интелигенцијата и лажното его - овие осум елементи ги сочинуваат Моите одвоени материјални енергии.“

Прабхупада:

bhūmir āpo 'nalo vayuḥ
khaṁ mano buddhir eva ca
ahaṅkāra itīyaṁ me
bhinnā prakṛtir aṣṭadhā
(BG 7.4)

Кришна се опишува Себеси. Бог објаснува кој е Бог. Тоа е вистинското знаење. Ако шпекулирате за Бог, така не е изводливо. Бог е неограничен. Не можете да сфатите. Бог, Кришна, на почетокот вели: asaṁśayaṁ samagraṁ māṁ yathā jñāsyasi tac chṛṇu (BG 7.1). Самаграм. Самаграм значи: што и да било... а самагра значи: потполно. Сè што се изучува и сето знаење што постои, суштината на сè е еден. Бог е суштината на сè. Затоа Тој почнува да се опишува Себеси. Најпрвин, бидејќи немаме никакво знаење за Бог - но практично ги гледаме, огромната земја, огромната вода - океанот, огромното небо, па огнот. Толку многу работи - материјални работи. Материјални работи, исто така умот... Умот е материјален. Потоа егото, Сите мислат: „Јас сум нешто, jас сум...“ Kartāham iti manyate. Ahaṅkāra-vimūḍhātmā. Тоа е лажното его. Тоа его претставува лажно его. А постои и чисто его. Чистото его е: ahaṁ brahmāsmi, а лажното его е: „Јас сум Индиец,“ „Јас сум Американец,“ „Јас сум Африканец,“ „Јас сум брахмана,“ „Јас сум кшатрија,“ „Јас сум ова.“ Тоа е лажно его, ahaṅkāra. Во моментов... Не во моментов, секогаш сме опкружени со сиве овие работи. Тоа е почетокот на филозофијата: Како настанала оваа земја? Како настанала оваа вода? Како настанал овој оган? Тоа се природни прашања. Како настана небото? Како лебдат ѕвездите, милиони и милиони? Ова се прашања на интелигентниот човек. Тоа е почетокот на филозофскиот живот. Затоа оние кои се промислени човечки битија, постепено, тие се интересираат да го сфатат Севишниот Господ, Кришна. Кришна постои и Кришна се опишува Себеси: „Јас сум ваков.“ Но за жал ние нема да го сфатиме Кришна, наместо тоа ние ќе шпекулираме кој е Бог. Тоа е нашата болест. Кришна се опишува Себеси; Бог се опишува Себеси. Ние нема да ја прифатиме оваа изјава, напротив или ќе ја одбиеме или ќе прифатиме Бог кој нема глава, нога итн, толку многу работи. Тоа е нашата болест. Затоа во предходната строфа е објаснето:

manuṣyāṇāṁ sahasreṣu
kaścid yatati siddhaye
yatatām api siddhānāṁ
kaścin māṁ vetti tattvataḥ
(BG 7.3)

Од милиони и милиони луѓе, сериозни се оние кои се распрашуваат: „Која е целта на животот? Кој е Бог? Кој е мојот однос...“ Никој не е заинтересиран. Исто како... Sa eva go-kharaḥ (SB 10.84.13). Сите се преокупирани со телесното сфаќање на животот како мачките и кучињата. Таква е положбата. Не само сега, секогаш, тоа е материјалното постоење. Но еден, manuṣyāṇāṁ sahasreṣu, од милиони, ќе се потруди да сфати, да го направи својот живот совршен. И од таквото совршенство... Совршенство значи да ја сфати својата вистинска изворна положба, дека не е ова материјално тело, дека е духовна душа - Брахман. Тоа е совршенство, совршено знаење - brahma-jñāna.