MK/Prabhupada 0136 - Знаењето се пренесува по пат на ученичко наследство
Lecture with Translator -- Sanand, December 25, 1975
Бхагаван значи: Севишната Божја Личност. Апсолутната Вистина се спознава во три фази: brahmeti paramātmeti bhagavān iti śabdyate (SB 1.2.11). Апсолутната Вистина на почеток може да се спознае како имперсоналниот Брахман, тоа е целта на гјаниите, потоа, Параматма, тоа е целта на јогиите и конечно, последниот степен во сфаќањето на апсолутот е личност - Севишната Божја Личност. Крајната цел е Севишната Божја Личност. Како што знаеме дека на сончевата топка живее Севишната Личност или sūrya-nārāyaṇa, главната личност на сончевата планета. Неговото име е исто така дадено во Бхагавад Гита - Вивасван. Бог во четвртото поглавје вели: imaṁ vivasvate yogaṁ proktavān aham avyayam: (BG 4.1) „Најпрвин му ја објаснив оваа наука, оваа јога од Бхагавад Гита, на Вивасван, богот на сонцето". Vivasvān manave prāhur manur ikṣvākave 'bravīt. Вивасван, богот на сонцето му ја пренесе на Ману, а Ману на својот син. На тој начин, по пат на ученичко наследство, дојде знаењето. Затоа кога зборуваме за jñāna, знаење, тоа мора да се прими од личност. Бхагаван е последниот степен на спознавање на Апсолутната Вистина. Тој го вели тоа во Бхагавад Гита.
Вјасадева конкретно вели: bhagavān uvāca. Тој не вели kṛṣṇa uvāca, затоа што понекогаш Кришна е погрешно сфатен од будалите. Bhagavān uvāca, овој збор значи дека што и да изјави нема никаква мана или недостаток. Кај обичните луѓе како нас постојат четири недостатоци: bhrama pramāda vipralipsā kara-ṇāpāṭava. Но кај Севишната Божја Личност - Кришна или себеспознаената личност, слугите на Кришна, оние кои го спознале Кришна, кај нив не постојат недостатоци. Тие се совршени. Поради таа причина Кришна ја дава инструкцијата:
- tad viddhi praṇipātena
- paripraśnena sevayā
- upadekṣyanti tad jñānaṁ
- jñāninas tattva-darśinaḥ
- (BG 4.34)
Оној кој навистина ја видел, ја спознал вистината, од него прими го знаењето. Ние мораме да и пријдеме на таква личност. Во спротивно, ако пријдеме на некој шпекулант, не можеме да добиеме вистинско знаење. Оние кои се шпекуланти не можат да сфатат кој е Бог. Затоа тие грешат велејќи: „Бог е ваков", „Бог е таков", „Нема Бог", „Тој нема облик". Сите овие глупости ги предложуваат затоа што се несовршени. Затоа Бхагаван рече: avajānanti māṁ mūḍhā mānuṣīṁ tanum āśritāḥ (BG 9.11). Затоа што за наше добро доаѓа во човечки облик, будалите и никаквеците го сметаат за обичен човек. Ако Бхагаван вели: ahaṁ bīja-pradaḥ pitā (BG 14.4) „Јас сум таткото што го дава семето", значи ние, сите ние знаеме дека нашиот татко е личност, неговиот татко е личност, неговиот татко е личност, зошто тогаш Севишната Личност или севишниот татко треба да е безличен? Зошто? Затоа треба да го учиме од Бхагаван, Севишната Личност, потполното знаење. Оваа Бхагавад Гита е потполното знаење од потполната Божја Личност. Не можеме да менуваме ниту еден збор од Бхагавад Гита. Тоа е будалесто. Нашето движење за свесност за Кришна го следи тој принцип. Не создаваме наши измислици. Едноставно ја шириме пораката дадена од Севишната Божја Личност. И тоа видливо се покажува како успешно.