MK/Prabhupada 0147 - Обичниот ориз не се нарекува врховен ориз



Lecture on BG 7.1 -- Hong Kong, January 25, 1975

Посветениците знаат дека Бог постои и дека Тој е Бхагаван. Бог е наречен Бхагаван. Затоа, иако овде е кажано...Бхагавад Гита е изговорена од Кришна, сите го знаат тоа. Но на некои места во Бхагавад Гита се спомнува Бхагаван увача. Бхагаван и Кришна - истата личност. Kṛṣṇas tu bhagavān svayam (SB 1.3.28). Бхагаван, постои дефиниција на зборот бхагаван:

aiśvaryasya samagrasya
vīryasya yaśasaḥ śriyaḥ
jñāna-vairāgyayoś caiva
ṣaṇṇāṁ bhaga itīṅganā
(Viṣṇu Purāṇa 6.5.47)

Бхага, го сфаќаме зборот бхагјаван, бхагја. Бхагја, бхагјаван, овој збор потекнува од бхага. Бхага значи раскош. Раскош значи богатство. Како е човек во раскош? Ако има пари, ако е интелигентен, ако е убав, ако е угледен, ако поседува знаење, ако е одвоен - тоа е значењето на Бхагаван. Така да, кога зборуваме за Бхагаван, овој Бхагаван - Парамешвара...Ишвара - Парамешвара; Атма - Параматма; Брахман - Парабрахман - постојат два збора. Едниот е обичен, а другиот парама - врховен. Исто како што можеме да зготвиме разни видови на ориз. Постои оризот. Постојат и разните имиња на оризот: ана, парамана, пушпана, кичорана. Врховниот ана се нарекува парамана. Парама значи врховен. Ана оризот е тука, но тој стана врховен. Обичниот ориз не се нарекува врховен ориз. Тоа е исто така ориз. Кога ќе го припремите оризот со кир (млеко) и други убави состојки, тој се нарекува парамана. Слично на тоа, симптомите на живите битија и Бхагаван се практично исти. Бхагаван...Ние го имаме ова тело; Бхагаван има свое тело. Бхагаван е живо битие; ние исто така сме живи битија. Бхагаван поседува творечка енергија; ние исто така поседуваме творечка енергија. Но разликата е што Тој е многу голем. Eko yo bahūnāṁ vidadhāti kāmān. Кога Бхагаван го создава овој универзум, не Му е потребна помош од никого. Тој го создава небото. Од небото се раѓа звукот; од звукот доаѓа воздухот; од воздухот доаѓа оганот; од оганот доаѓа водата; а од водата доаѓа земјата.