MK/Prabhupada 0148 - Ние сме делчиња и честички од Бог
Lecture on SB 7.6.1 -- Madras, January 2, 1976
Тоа е дхарма: самбандха, абхидхеја, прајоџана, овие три работи. Ведите се поделени на три дела. Самбандха: кој е нашиот однос со Бога. Тоа се вика самбандха. Потоа абхидхеја. Во склад со тој однос треба да делуваме. Тоа се вика абхидхеја. Зошто делуваме? Затоа што имаме цел во животот, да ја достигнеме целта на животот. Која е целта на животот? Целта на животот е да се вратиме назад дома, назад во Божјето царство. Тоа е целта на животот. Ние сме делчиња и честички од Бог. Бог е санатана и Тој има Свое пребивалиште - санатана. Paras tasmāt tu bhāvo 'nyo 'vyakto 'vyaktāt sanātanaḥ (BG 8.20). Постои место кое е вечно. Овој материјален свет нема да постои засекогаш. Тој е bhūtvā bhūtvā pralīyate (BG 8.19). Тој е создаден на одредена дата. Исто како што вашето и моето тело е создадено на одредена дата. Тоа ќе трае некое време, ќе расте, ќе создаде некои нус производи. Потоа ќе остареме, полека ќе не снемува и на крај ќе умреме. Тоа се нарекува сад-викара на сè што е материјално. Но постои друга природа каде што не постои сад-викара. Таа е вечна. Тоа се нарекува санатана-дхарма. Џивите - ние живите суштества, ние сме исто така опишани како вечни. Na hanyate hanyamāne śarīre (BG 2.20). Господ исто така е опишан како санатана. Нашата вистинска положба е дека сме санатана, Кришна е санатана и Кришна има свое пребивалиште кое е санатана. Кога ќе се вратиме назад во таа санатана-дхарма и ќе живееме со севишната санатана - Кришна...Ние исто така сме санатана. Процесот со кој можеме да ја достигнеме највисоката цел на животот, тој се нарекува санатана-дхарма. Ние овде ја практикуваме таа санатана-дхарма.
Санатана-дхарма и оваа бхагавата-дхарма, истата работа. Бхагавата, Бхагаван. Од зборот Бхагаван дојде бхагавата. Оваа бхагавата-дхарма беше опишана од Шри Чеитанја Махапрабху. Тој вели: jīvera svarūpa haya nitya kṛṣṇa dāsa (Cc. Madhya 20.108-109). Ние сме вечни слуги на Кришна. Тоа е. Но во моментов, заради нашата материјална врзаност, наместо да станеме слуги на Бог или Кришна, ние станавме слуги на многу разни нешта, маја, затоа страдаме. Не сме задоволни. Не може да бидеме. Не се совпаѓа. Исто како кога би извадиле еден шраф од машината. Ако шрафот на некој начин падне, тој нема веќе вредност. Но истиот шраф, кога ќе го ставите во машината бидејќи таа не работи заради тој еден шраф, таа е во вознемирена положба, вие го ставате тој шраф во неа и машината повторно работи, а тој шраф станува многу корисен. Ние сме делчиња и честички од Бог - Кришна. Mamaivāṁśo jīva-bhūtaḥ (BG 15.7), Тој вели Кришна. Ние сме сега одделени. Ние сме паднати. Друг пример е со големиот оган и малата искра. Малата искра е исто така оган сè додека е со огнот. Ако на некој начин искрата падне од огнот, таа се гаси. Нема повеќе одлика на оган. Но доколку ја вратите во огнот, таа повторно станува искра. Нашата положба е таква. На некој начин ние дојдовме во овој материјален свет. Иако сме мали честички, ситни делови на Севишниот Господ, бидејќи сме во овој материјален свет ние го заборавивме нашиот однос со Бог и нашата...Manaḥ-ṣaṣṭhānīndriyāṇi prakṛti-sthāni karṣati (BG 15.7).
Ние се бориме со законите на овој материјален свет и многу други нешта. Овдека ние исто така служиме бидејќи сме вечно слуги. Но бидејќи се откажавме од службата кон Севишниот Господ, ние станавме слуги на многу други нешта. Но никој не е задоволен, како што изјави почесниот Судија дека никој не е задоволен. Тоа е факт. Не може да биде задоволен. Не може да биде задоволен затоа што ние сме изворно слуги на Бог, но сме ставени во овој материјален свет да служиме толку многу други нешта што не е соодветно. Затоа ние создаваме планови за служба. Тоа се нарекува - ментални измислици. Manaḥ-ṣaṣṭhānīndriyāṇi prakṛti-sthāni karṣati (BG 15.7). Борба, тоа е борба.