MK/Prabhupada 0152 - Грешниот човек не може да биде свесен за Кришна



Lecture on BG 1.31 -- London, July 24, 1973

Било кој, секој сака да биде среќен со оваа Gṛha-kṣetra-sutāpta-vittaiḥ (SB 5.5.8), семеен живот, и да има малку земја. Во тоа време не постоеше индустрија. Значи индустријата не е потребна. Земја. Ако имаш земја, тогаш можеш сам да ја произведеш својата храна. Всушност тоа е нашиот живот. Тука во ова село можеме да најдеме многу необработена земја, бидејќи луѓето самите не си ја произведуваат својата храна. Нивната храна се кравите, кутрите крави, кои ги убиваат и ги јадат. Тоа не е добро. Gṛha-kṣetra. Станувате gṛhastha, но самите треба да ја проиведете вашата храна од она што го нуди земјата, Gṛha-kṣetra. И откако ќе си ја произведете храната, тогаш се зачнуваат деца, Gṛha-kṣetra-suta-āpta-vitta. Во селата во Индија, сеуште постои системот во кој сиромашните мажи, земјоделците, односно доколку земјоделецот не може да се грижи за крава, тој нема да се ожени. Jaru и garu. Jaru значи жена, а garu крава. Така човек треба да има жена само доколку е способен да се грижи за крава. Jaru и garu. Бидејќи ако имаш жена, набрзо ќе имаш и деца. Но ако не можеш да им дадеш кравјо млеко, децата ќе бидат со слабо здравје. Тие треба да пијат доволно млеко, па така кравата се смета за мајка. Едната мајка го раѓа детето , а другата го снабдува со млеко.

Значи секој треба да биде обврзан кон мајката крава, бидејќи таа не снабдува со млеко. Според нашата śāstra постојат седум мајки. Ādau mātā, вистинската мајка, таа која што ти го подарила животот. Ādau mātā, таа е мајка. Guru-patnī, жената на учителот. Таа е исто така мајка. Ādau mātā guru-patnī, brāhmaṇī. Жената на brāhmaṇa, таа исто така е мајка. Ādau mātā guru-patnī brāhmaṇī rāja-patnikā, кралицата е мајка. Значи колку? Ādau mātā guru-patnī brāhmaṇī rāja-patnikā, потоа dhenu. Dhenu значи крава. Таа исто така е мајка. И dhātrī. Dhātrī значи негувателка. Dhenu dhātrī tathā pṛthvī, и земјата. И Земјата е мајка. Вообичаено луѓето се грижат за својата татковина, за местото каде се родени. Тоа е добро. Воедно би требало да се грижат и за мајката крава. Но не се грижат за мајката. Тоа ги прави грешни. Тие мора да страдаат. Mора да има војна, епидемии, глад. Во моментот кога луѓето се вртат кон грешните активности, казната на природата автоматски следува. Тоа неможе да се избегне.

Така движењето за свесноста за Кришна претставува решение на сите проблеми. Ги учи луѓето како да не бидат грешни. Бидејќи грешниот човек не може да стане свесен за Кришна. Да се биде свесен за Кришна значи да се откажеш од грешните активности.