MK/Prabhupada 0157 - Освен ако вашето срце не е исчистено, не можете да разберете што е Хари

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Освен ако вашето срце не е исчистено, не можете да разберете што е Хари
- Prabhupāda 0157


Lecture on SB 6.2.11 -- Vrndavana, September 13, 1975

Ако не ги прифатите упатства од шастрите, особено кога Кришна, Севишниот Господ, ве подучува во Бхагавад-гита ... Тоа е суштината на сите шастри. Прифатете го тоа. Тогаш ќе бидете среќни. Инаку не. Значи тука се вели дека aghavān, грешниот човек, не може да се прочисти, едноставно со овие ритуални церемонии, помирување или одржување на завет, вратах. Тогаш, како е тоа можно? Затоа што сите ... Yathā harer nāma. Поради тоа се препорачува, harer nāma harer nāma harer nāmaiva kevalam, kalau nāsty eva nāsty eva nāsty eva (ЧЧ Ади 17.21). Истото. Никогаш нема да ги најдете упатствата во шастрите контрадикторни. Во Агни Пурна тоа е кажано и во Шримад-Бхагавата исто така е истото. Агни Пурна вели, harer nāma harer nāma harer nāmaiva kevalam, и овде во Шримад Багаватам се вели: yathā harer nāma-padair udāhṛtaiḥ tad uttamaśloka-guṇopalambhakam. Harer nāma значи пеење на светото име. Тоа е едноставно. Но, кога пеете harer nāma, тогаш постепено ќе разберете, што е Хари, каква е Неговата форма, кои се Неговиот квалитети, какви се Неговите активности. Тогаш можетеда разберете. Затоа што без harer nāma вашето срце е нечисто - ceto-darpaṇa-mārjanam (ЧЧ Антја 20.12) - освен ако вашето срце не е исчистено, не можете да разберете што е Хари, што е Неговото име, каква е Неговата форма, кои се Неговиот квалитети, какви се Неговите активности. Вие не можете да разберете. Ataḥ śrī-kṛṣṇa-nāmādi na bhaved grāhyam indriyaiḥ (ЧЧ Мадхја 17.136). Вашите тапи бессмислени сетила, ако ги користите, не можете да го разберете Кришна. Затоа луѓето не го разбираат Кришна, ниту ја разбираат вредноста на хари-нама. Бидејќи нивните сетила се тапи, загадени со овие илузорни квалитети, тие не можат да разберат. Но, ова е единствениот начин - ceto-darpaṇa-mārjānām bhava-māā-dāvāgni-nirvāpaṇam (ЧЧ Антја 20.12). Затоа што треба да се прочистите, ова е единствениот метод. Пејте Харе Кришна. Тогаш ќе бидете постепено прочистени. Puṇya-śravaṇa-kīrtanaḥ. Puṇya-śravaṇa-kīrtanaḥ. Śṛṇvatāṁ sva-kathāḥ kṛṣṇaḥ puṇya-śravaṇa-kīrtanaḥ (ШБ 1.2.17). Ако слушате, ако пеете за Кришна, Утамашлока, како што се вели, tad uttamaśloka-guṇopalambhakam, толку многу придобивки се таму. Движењето Харе Кришна е толку важно што секој треба да го сфати многу сериозно. Kīrtanīyaḥ sadā hariḥ. tṛṇād api sunīcena taror api sahiṣṇunā amāninā mānadena kīrtanīyaḥ sadā hariḥ (ЧЧ Ади 17.31) Ова е упатство на Чаитанја Махапрабху. Тешко ... Тоа е padaṁ padaṁ yad vipadam (ШБ 10.14.58). Во овој материјален свет постои само випада. Нема сампада. Будалесто мислиме дека „Сега јас сум многу добар.“ Што е добро? Треба да умрете следниот момент. Што е добро? Но, овие глупави луѓе велат: „Да, јас сум добар.“ Прашуваш секого, „Како си?“ „Да, многу добар.“ Што е тоа добро? Ќе умреш утре. Сеуште добро. Тоа е се. Ова се случува. Тоа е padaṁ padaṁ yad vi... Тие прават научни истражувања да станат среќни, но овие измамници не знаат како да ја спречат смртта. Па што е добро? Но, тие немаат мозок за разбирање. Но, Кришна вели: „Ова се проблемите, драги господине. Вие научниците испробувате толку многу работи.“ Janma-mṛtyu-jarā-vyādhi-duḥkha-doṣānudarśanam (БГ 13.9). Најпрво дознајте што е вашиот проблем. Janma-mṛtyu-jarā-vyādhi. Мора да се радите, мора да умрете, мора да страдате од болести, мора да остарите. Запрете го тоа прво; потоа зборувајте за научен напредок. Инаку вие сте бесмислени. Ви благодарам многу.