MK/Prabhupada 0163 - Религија значи одредбите и законите дадени од Бога
Lecture on BG 4.3 -- Bombay, March 23, 1974
Целта на животот е да се оди назад дома, назад кај Бога. Тоа е целта на животот. Ние сме паднати во овој материјален условен живот. Ние се измачуваме. Но не сме свесни за тоа. Толку сме будалести. Исто како животни. Не знаеме што е целта на животот. Целта на животот, тоа е исто така објаснето во Бхагавад-гита: janma-mṛtyu-jarā-vyādhi-duḥkha-doṣānudarśanam (БГ 13.9). Кога ќе можеме да разбереме дека: „Овој процес на повторно раѓање, умирање, старост и болест, ова не го сакам јас…" Никој не сака да умре, но смртта му доаѓа насилно. Не размислува дека: „Ова е мојот проблем. Јас не сакам да умрам, но смртта е потполно сигурна". И во тоа е проблемот. Никој не се грижи како да го разреши овој проблем. Сите едноставно се занимаваат со, сакам да кажам, привремени проблеми. Привремените проблеми не се проблеми. Вистинскиот проблем е како да се запре смртта, како да се запре раѓањето, како да се запре староста и како да се запре болеста. Тоа е вистински проблем. Тоа може да се направи кога ќе сте ослободени од овој материјален свет. Тоа е нашиот проблем.
И Кришна тука повторно вели...Yadā yadā hi dharmasya glānir bhavati bhārata (БГ 4.7). Dharmasya glāniḥ. Glāniḥ значи кога е искривена. Луѓето си произведуваат, во името на таканаречена религија, „Ова е наша религија". „Ова е Хинду религија". „Ова е Муслиманство". „Ова е Христијанство". Или: „Ова е Будизам". И: „Ова е Сикхизам". „Ова е таа религија, онаа религија". Тие произведоа толку многу религии, толку многу религии. Но, вистинска религија е: dharmaṁ tu sākṣād bhagavat-praṇītam (ШБ 6.3.19). Религија значи одредбите и законите дадени од Бога, дадени од Господ. Тоа е религија. Едноставна дефиниција на религија е: dharmaṁ tu sākṣād bhagavat-praṇītam (ШБ 6.3.19). Исто како што законот е даден од државата, од владата. Не можете да произведете закон. Неколкупати реков. Законот е создаден од владата. Слично на тоа, религијата е создадена од Господ. Ако ја прифатите религијата на Господ, тогаш тоа е религија. А што е религија на Господ? Ако стоите, дојдете да стоите овде. Други се обидуваат да гледаат. Религијата на Господ е…Тоа ќе го најдете во Бхагавад-гита, sarva-dharmān parityajya mām ekaṁ śaraṇaṁ vraja (БГ 18.66). Ова е религијата на Господ. „Напушти ги сиве овие бесмислени религии. Стани посветеник, предадена душа на Мене". Тоа е религија.