MK/Prabhupada 0165 - Прочистените активности се нарекуваат Бхакти



Lecture on BG Introduction — New York, February 19-20, 1966

Врховниот Свесен, тоа ќе биде објаснето во Бхагавад-гита во поглавјето каде што разликата помеѓу џивата и ишвара е објаснета. Kṣetra-kṣetra-jña. Ова значи дека Господ е исто така kṣetra-jña, или свесен, а џивите, или живите суштества, тие се исто така свесни. Но разликата е во тоа што живото суштество е свесно во неговото ограничено тело, а Господ е свесен за сите тела. Īśvaraḥ sarva-bhūtānāṁ hṛd-deśe 'rjuna tiṣṭhati (БГ 18.61). Господ живее во срцето на секое живо суштество, затоа Тој е свесен за психолошките промени, активностите, на одредена џива. Не треба да заборавиме. Објаснето е исто така дека Параматма, или Севишната Божја Личност, живее во сечие срце како ишвара, како контролор и Тој дава поттик. Тој дава поттик. Sarvasya cāhaṁ hṛdi sanniviṣṭhaḥ (БГ 15.15). Во сечие срце Тој е присутен, и Тој дава поттик да се делува во склад со своите желби.

Живото суштество заборава како да делува. Најпрво тоа одлучува да делува на одреден начин, но потоа се заплетува во делата и последиците на неговата карма. И по напуштањето на одреден вид на тело, кога тоа влегува во друг вид на тело...Исто како што ние оставаме еден вид на облека, еден тип на облека, за друг тип на облека, исто така, објаснето е во Бхагавад-гита: vāsāṁsi jīrṇāni yathā vihāya (БГ 2.22). Како што некој ги менува своите облеки, слично на тоа живите суштества, тие исто така менуваат разни тела, душите се селат, во склад со активностите и последиците на минатите активности. Овие активности можат да се променат кога некое живо суштество делува доблесно, разумно, и има разбирање за тоа каков вид на активности да прифати, и ако делува така, тогаш сите активности и последици на минатите активности можат да се променат. Затоа кармата не е вечна. Првите четири од петте нешта - ишвара, џива, пракрити, кала и карма - тие четири нешта се вечни, додека кармата, она нешто познато како карма не е вечно.

Свесниот ишвара, врховно свесниот ишвара, во сегашните околности, се разликува, постои разлика помеѓу Врховно свесниот ишвара, или Господ, и живото суштество. Свесноста, свесноста и на Господ и на живите суштества, таа свесност е трансцендентална. Оваа свесност не е создадена со помош на внатрешно взаемно делување на материјата. Тоа е погрешна идеа. Теоријата дека свесноста се развива под одредени околности на взаемно делување на материјалните елементи, не е прифатена во Бхагавад-гита. Тоа неможе да се случи. Свесноста може искривено да се манифестира под влијание на материјални околности, исто како што светлина која минува низ обоено стакло изгледа како да ја има бојата на стаклото. Сепак, свесноста на Господ не е под влијание на материјата. Врховниот Господ, Кришна вели: mayādhyakṣeṇa prakṛtiḥ (БГ 9.10). Кога Тој доаѓа во материјаниот свет, Неговата свесност не е под влијание на материјата. Кога Неговата свесност би била под влијание на материјата, Тој не би бил во можност да говори за трансценденталните теми во Бхагавад-гита. Оној кој не е ослободен од материјално загаденото влијание, неможе да каже ништо за трансценденталниот свет. Но Господ не бил материјално загаден. А нашата свесност во овој момент е материјално загадена.

И целата работа е во тоа, како што не подучува Бхагавад-гита, да ја прочистиме материјално загадената свесност и во таа чиста свесност да делуваме. Тоа ќе не направи среќни. Не можеме да запреме. Не можеме да ги запреме нашите активности. Активностите треба да се прочистат. А тие прочистени активности се нарекуваат бхакти. Бхакти значи дека тие наликуваат на облични активности, но тие не се загадени. Тие се прочистени активности. Личност која нема вистинско знаење може да забележи дека посветеник делува како обичен човек, но таквата личност не знае дека актиностите на посветеник или активностите на Господ не се загадени од нечистата материјалистичка свесност, нечистотијата на трите гуни - материјалните природни одлики, туку се во трансцендентална свесност. И затоа треба да знаеме дека нашата свесност е материјално загадена.