MK/Prabhupada 0166 - Не можете да го запрете снегот да паѓа



Lecture on BG 2.7-11 -- New York, March 2, 1966

Не смееме да заборавиме дека постојано страдаме. Постојат три видови на страдање. Не мислам на економските проблеми… Тоа е исто така страдање. Но според Ведското знаење - а и според фактичката состојба - постојат три вида на страдање. Еден вид на страдање доаѓа од телото и умот... Да речеме дека имам главоболка. Сега ми е многу топло, сега ми е многу ладно и многу останати страданија кои доаѓаат од телото. Слично, страдаме од умот. Умот не ми е нешто добар денеска. Бев...Некој ме нарече така и така. И јас страдам. Или загубив нешто или некој пријател, толку многу нешта. Тоа се страдања од телото и умот, потоа страдања од природата. Тоа се нарекува адидаивика, она што не можеме да го контролираме. Ниедно страдање не можеме да го контролираме, а особено...Да речеме дека силно врне снег. Целиот Њуjорк е прекриен со снег, и сите сме ставени во неприлика. Тоа е вид на страдање. Но немате контрола. Не можете да го запрете снегот. Нели? Ако на пример, дува ветер, силен ветер, не можете да го запрете. Тоа се нарекува адидаивика страдање. А страдањето од телото и умот се нарекува адјатмика. И постојат и други страдања, адибаутика, напади од други живи суштества, мојот непријател, некое животно или некој црв, ги има толку многу. Ови три вида на страдање се секогаш присутни. Секогаш… Но ние не ги посакуваме сите нив. Тука се поставува прашањето…

Арџуна е свесен дека „Пред мене е војна, а мојата должност е да се борам со непријателот, но страдам поради тоа бидејќи тие ми се роднини”. Тој така се чувствува. Треба да станеме будни и свесни за фактот дека постојано страдаме но не ги сакаме сите овие страдања...Оној кој е свесен за овие нешта треба да му пријде на духовен учител. Додека има животински менталитет, човек не знае дека постојано страда...Не знае, не се грижи за тоа или не сака да го реши тој проблем. Но овде Арџуна страда и тој сака да најде решение и затоа прифаќа духовен учител. Кога сме свесни за страдањето ние сме будни во таа ситуација...Страдањето е тука. Без разлика на заборавноста или незнаењето. Тоа е тука. Но кога некој е многу сериозен да најде решение за неговото страдање, тогаш е потребен духовен учител. Исто како што Арџуна сега има потреба од духовен учител. Дали е јасно? Да. Дека страдањето е присутно. За тоа не е потребно образование, едноставно размислување, само мала помисла, „Јас не ги сакам сиве овие страдања, но сепак страдам. Зашто? Дали постои решение? Дали…?” Но има решение. Сиве овие списи, сево ова Ведско знаење, сè...И не само Ведското знаење…Туку... Зашто одите на училиште? Зашто одите на колеџ? Зашто одите на научни студии? Зашто студирате Право? Сè е наменето да им стави крај на страдањата. Да немаше страдање, никој немаше да се образува. Нели? Човек мисли: „Ако сум образуван, ако станам доктор или адвокат или инженер, ќе бидам среќен”. Среќен. Тоа е крајната цел. „Ќе добијам добра работа, државна работа. Ќе бидам среќен”.

Среќата е крајната цел на секоја заложба. Но… овие заштити од страдањата се привремени. Вистинското страдање е поради нашето материјално постоење, овие три вида на страдање. И кога некој е свесен за нив и сака да најде решение, тогаш постои потреба од духовен учител. Ако сакате да најдете решение за вашите страдања и сакате да се консултирате со некоја личност, каква личност треба да сретнете за да ве ослободи од сите ваши страдања? Таа селекција мора да постои. Ако сакате да купите скапоцен камен, дијамант или нешто многу вредно, и отидете во бакалница...Поради такво незнаење - веројатно ќе бидете излажани. Ќе ве прелажат. Морате да отидете во продавница за скапоцени камења. Барем тоа морате да го знаете.