MK/Prabhupada 0169 - Во што е потешкотијата да се види Кришна



Lecture on BG 4.24 -- August 4, 1976, New Mayapur (French farm)

Јогешвара: Тој вели, бидејќи сеуште не сме доволно напредни да го видиме директно Кришна како Севишната Божја Личност, како треба да медитираме на Него?

Прабхупада: Не гледате дека Кришна е во храмот? (смеење) Ние обожуваме нешто неодредено? Треба да го видите Кришна како што Тој вели. На сегашното ниво…како што Кришна вели raso 'ham apsu kaunteya (БГ 7.8). Кришна вели: „Јас сум вкусот на водата”. Го гледате Кришна преку вкусот на водата. Тоа ќе ви помогне да напреднете. Во склад со разните нивоа…Кришна вели: „Јас сум вкусот на водата”. Па така кога пиете вода, зашто не Го гледате Кришна. „О, овој вкус е Кришна”. Raso 'ham apsu kaunteya prabhāsmi śaśi-sūryayoḥ. Кога ги гледате сонцето, месечината. Кришна вели: „Јас сум светлината на сонцето, Јас сум светлината на месечината”. Кога наутро ќе го видите сонцето, Го гледате Кришна.

Кога навечер ќе ја видите месечината, Го гледате Кришна. Praṇavaḥ sarva-vedeṣu. Секоја Ведска мантра започнува со: om tad viṣṇu para, оваа омкара е Кришна. „Paurusam visnu". Исто така сè што е направено на неверојатен начин од некого, тоа е Кришна. Треба да го гледате Кришна на овој начин. Така, постепено, ќе Го видите; Кришна ќе се разоткрие, ќе видите. Но не постои разлика помеѓу гледањето на Кришна преку вкусот на водата и гледањето на Кришна директно, нема разлика. Затоа, во склад со вашата сегашна позиција, гледајте Го Кришна на тој начин. Така постепено ќе Го видите. Ако сакате веднаш да ја видите Кришнината раса лила тоа не е возможно. Треба да гледате…Кога постои топлина, треба да знаете дека постои оган. Кога постои чад, треба да знаете дека постои оган, иако не го гледате огнот директно. Можеме да разбереме, бидејќи чадот е присутен, мора да има и оган. На тој начин на почетокот треба да го сфатите Кришна. Тоа е изнесено во седмото поглавје. Најдете го:

raso 'ham apsu kaunteya
prabhāsmi śaśi-sūryayoḥ
praṇavaḥ sarva-vedeṣu
(śabdaḥ khe pauruṣaṁ nṛṣu)
(БГ 7.8).

Џајатирта: Седум осум: О сине на Кунти, Арџуна, Јас сум вкусот на водата, светлината на сонцето и месечината, слогот Ом во ведските мантри; Јас сум звукот во етерот и способноста во човекот.

Прабхупада: На тој начин гледајте го Кришна. Во што е потешкотијата? Кој го постави ова прашање? Во што е потешкотијата да се види Кришна? Има ли некоја потешкотија? Видете го Кришна. Man-manā bhava mad-bhakto, Кришна вели: „Секогаш мисли на Мене.” Кога ќе се напиете вода, веднаш вкусете ја и речете; „Ах, еве го Кришна”. Man-manā bhava mad-bhakto. Има ли некоја потешкотија? Нема. Сè е тука. А? Има ли некоја потешкотија?

Абинанда: Треба ли да се обидеме да се сетиме дека Кришна е Бог?

Прабхупада: А што си мислиш ти дека е? (Сите се смеат) (Бенгали) Еднаш, некој ја прочитал Рамајана и по читањето прашал: „Сита-деви, чиј татко е таа?” (Сите се смеат) Чиј татко е Сита-деви? (Гласно смеење) Такво е твоето прашање. (Смеење)

Абинанда: Бидејќи лани во Мајапур, Шрила Прабхупад, ти ни рече дека не треба да заборавиме дека Кришна е Бог. Многупати го рече тоа.

Прабхупада: Да, зашто тогаш забораваш? (посветениците се смеат) Што е ова?

Посветеник: „Ако посветеник падне од патот на посветено служење, (Чаранамбуџа до Џајантакрит: Треба сево ова да го преведеш.)

Посветеник: Дали е тој подлoжен на пеколните планети опишани во Бхагаватам?”

Прабхупада: Посветеникот никогаш не паѓа. (Смеење)

Посветеници: Џаја! Џаја Шрила Прабхупада!