MK/Prabhupada 0168 - Култура на постанување понизен и кроток



Room Conversation -- February 4, 1977, Calcutta

Прабхупад: Можеме да просиме. Во Индија високо образувани санјасии и денеска просат. Тоа е дозволено. Бикшу. Тоа им се допаѓа. Триданди бикшу. Просењето во Ведската култура не е недозволено ниту е срамно - од страна на оној кому му доликува. Просењето е дозволено на брахмачариите и санјасиите. Тие отворено уживаат во тоа. Триданди бикшу. Бикшу значи просјак.

Сатсварупа: Триданди бикшу.

Прабхупада: Да. Во оваа Индиска култура, брахмачари, санјаси и брахмана, ним им е дозволено да бараат милостина...Тоа е Ведската култура. А семејните луѓе се однесуваат со нив како кон свои деца. Тоа е односот.

Сатсварупа: Но што ако тоа се прави во култура во која различно се гледа на тоа.

Прабхупада: Затоа има хипици. Ова е вашата култура - хипици, и убивање во името на религијата. Ова е нивната култура. И абортус. Бидејќи нема култура, резултатот е абортус убивање и бомбардирање, кои ја чинат целата атмосфера да биде одвратна. Ова е вашата култура. Борба помеѓу Протестантите и Католиците и бомбардирање…Луѓето се преплашени. Не можат да излезат на улица. Ова е вашата култура. А просењето е лошо. Да се држат луѓето, целото население во состојба на страв, тоа е многу добро, а ако некој понизно проси, тоа е лошо. Ова е вашата култура. Ведскиот начин му дозволува на брахмачарито да проси само за да развие понизност, не да стане питач. Дури и членови на големи фамилии, цели фамилии го практикуваат тоа. Тоа не е питање. Тоа е начин да се стане понизен и кроток. Исус вели: „Бог им е достапен на понизните и кротките”. Тоа не е питање. Само што не ви е позната културата. Имате своја култура, ѓаволска култура, да се убива дури и своето дете. Како ќе ја разберете оваа култура? Дали сум во право?

Сатсварупа: Во право си.

Прабхупада: Да. Опиши го тоа во писмото. Имате четвртокласна, десетокласна култура. Како ќе ја разберете културата на развивање понизност и кроткост?

Сатсварупа: Општинскиот адвокат кој се обидуваше да не оптужи, Ади Кешава, ја открива својата стратегија овде, бидејќи многу адвокати велат дека имаме право да ја практикуваме својата религија. Ова е слобода на религиозна припадност. Тој вели…

Прабхупада: Слободно…тоа е веродостојна религија.

Сатсварупа: Тој вели: „Не станува збор за религија”. Вели: „Она што…” Вели: „Контрола на умови нема ништо заедничко со религија. Тоа е прашање на сопствена слободна волја. Не мислам дека некој со здрав разум би дозволил некој да му го контролира умот. Да се гледа на тоа како хипноза”.

Прабхупада: Сè е во контролата на умот.

Сатсварупа: Се.

Прабхупада: Ти се трудиш исто така. Тие исто така се обидуваат да контролираат умови, присилно да ги одвлечат нашите луѓе. Тоа е друг вид на контрола на умови. Тие веќе ни ги повериле своите умови, а сега се обидуваат да им ги контролираат умовите со насилно репрограмирање, киднапирање. Тоа не е контрола на умот? Неговиот ум е веќе во свесност за Кришна, и насилно се обидувате да го одвлечете. Тоа не е контрола на умот? „Но вашата контрола на умот е добра. Мојата контрола на умот е лоша”. Тоа е вашата филозофија. Било кој, секој никаквец ќе рече: „Моите дела се добри, а твоите дела се лоши”.