MK/Prabhupada 0171 - Заборавете на добра влада за милиони години, освен



Lecture on SB 1.2.28-29 -- Vrndavana, November 8, 1972

Според оваа варнашрама, мора да има обука. Некои класи на луѓе мора да бидат обучени како добри брахмани. Некои луѓе мора да бидат обучени како добри кшатрии. Некои луѓе мора да бидат обучени како добри ваишии. А шудрите не бараат никакви ... Сите се шудри. Janmanā jāyate śūdraḥ. Според раѓањето, секој е шудра. Saṁskārād bhaved dvijaḥ. Со тренинг, некој станува ваишиа, некој станува кшатрија, некој станува брахмана. Каде е таа обука? Сите се шудри. И како може да очекувате добра влада, влада од шудри? Сите шудри гласаат кој како може. И тие заземаат владини позиции. Затоа, нивната единствена работа е ..., Кали, особено во овој период, mlecchā rājanya-rūpiṇaḥ, јадење и пиење, јадење месо, пиење вино. Mlecchas, yavanas, тие ја прифаќаат владината позиција. Може ли да очекувате добра влада? Заборавете, заборавете на добра влада за милиони години, освен ако не ја утврдите оваа варнашрама-дхарма. Нема прашање за добра влада. Мора да има прва класа кшатрија, кој може да ја раководи владата. Исто како Парикшит Махараџа. Тој патуваше, и веднаш штом виде како еден црн човек се обидува да убие крава, веднаш го зеде својот меч: „Кој си ти, неранимајко?“ Тоа е кшатрија. Тоа е ваишиа, кој може да ги заштити кравите. Kṛṣi-go-rakṣya-vāṇijyaṁ vaiśya-karma svabhāva-jam (БГ 18.44). Сè е јасно. Каде е културата? Затоа движењето за свесност за Кришна е толку важно. Лидерите на општеството,треба да обратат многу сериозно внимание како можете да ја подобрите социјалната состојба на овој свет. Не само тука, насекаде, господине. Едноставно сè се случува во незнаење и илузија. Нејасно е, нема јасна идеја. Еве јасна идеја: vāsudeva-parā vedāḥ. Веда, знаење, ги образувате луѓето, но каде е вашето образование да ги научите луѓето за Васудева, за Кришна? Бхагавад-гита е забранета. Васудева зборува за Себе, но тоа е забрането. И ако некој го чита, некој неранимајко го чита, тој го одзема Васудева. Тоа е се. Бхагавад-гита без Кришна. Ова се случува. Потполни бесмислици. Вие не може да очекувате човечка цивилизација во едно бесмислено општество. Тука е вистинската цел на човечкиот живот: vāsudeva-parā vedā vāsudeva-parā makhāḥ, vāsudeva-parā yogāḥ. Има толку многу јоги. Со сигурност можам да кажам, дека без Васудева, јога едноставно е притискање на носот. Тоа е се. Тоа не е јога.