MK/Prabhupada 0172 - Вистинската религија е да му се предадеме на Кришна



Lecture on SB 1.5.30 -- Vrndavana, August 11, 1974

Тоа е религија, да му се предадеме на Кришна. Инаку, во Шримад Бхагаватам е кажано: dharmah projjhita-kaitavo 'tra (ШБ 1.1.2). Сите лажни религиски процеси се исфрлени од Бхагавад, Шримад Бхагаватам. Исфрлени, projjhita. Да се стопиме со Севишниот, да станеме Бог, да станеме инкарнација на Бог - ваквите религиски процеси се строго исфрлени од Шримад Бхагаватам. Бидејќи тие не се религија. Правата религија е да се предадеме на Кришна.

Затоа се вели: yat tat saksad bhagavata uditam. Ако сакате да ѝ пријдете на Севишната Божја Личност мора да се придржувате кон наредбите на Севишната Божја Личност. Но тие не знаат која е Севишната Божја Личност, каква е Неговата заповед, каков е нашиот однос со Него. Овие нешта не им се познати. Посветениците знаат. Зошто посветениците имаат монопол врз тоа знање? Тоа е одговорено во Бхагавад Гита: bhaktya mam abhijanati yavan yas casmi tattvatah (БГ 18.55). Ако сакате да дознаете кој е Бог, кој е Кришна, тогаш мора да минете низ оваа bhakti-marga, или посветено служење. Нема друг начин. Кришна никогаш не вели дека може да биде спознаен преку шпекулација или негување на таканаречено шпкулативно знење. Не. Тогаш ќе изјавел: „Преку jnana ќе Ме спознаете“. Не. Ниту преку карма ќе разберете. Ниту преку јога. Ова е објаснето на многу места во шастрите. Само бхакти. Само бхакти. И должноста на духовниот учител, или на махатмата, е да го шири знаењето за бхакти. Тоа е најдоверливата...

Тоа е најмилостивата хуманитарна активност. Бидејќи луѓето страдаат од недостаток на ова знаење. Затоа движењето за свесност за Кришна е единственото движење - можам гордо да изјавам - од кое човечкото општество може да има вистинска добробит. Тоа е единственото движење. Сите други движења можам да ги прогласам за лажни. Нека дојдат да ги проучат шастрите и самите нека одлучат. Сите се измамници. Единствено оваа bhagavad-bhakti. Затоа што не можете да Го разберете Бхагаван без да минете низ процесот на посветено служење. Bhaktya mam abhijanati yavan yas casmi tattvatah (БГ 18.55). Ако вистински сакате да Го спознаете, tattvatah...Кришна сака вистински да биде спознаен - tattvatah. Не површно да сметаме дека Кришна многу ги сакал гопиите и да ја слушаме само таа Кришнина лила. Зошто Кришнината лила со гопиите? Зошто не Кришнината лила кога ги убива демоните? Луѓето не се заинтересирани да слушаат како Кришна ги убива демоните. Заради тоа што лилата со гопиите наликува на размена помеѓу млада жена и маж, мошне е примамлива. Но Кришна има и други активности. Paritranaya sadhunam vinasaya ca duskrtam (БГ 4.8). И тоа е Кришнина лила. Тоа е Кришнина лила. Исто како што Господ Рамачандра го убива Равана. И тоа е Кришнина лила. Забавите на Господ Рамачандра и на Господ Кришна...

Затоа треба да ја сфатиме секоја лила на Кришна како Врховна. Не само најдоверливата...Вриндавана-лилата, Кришнината лила со гопиите, е најдоверливата лила. Не треба да навлегуваме во оваа доверлива лила осван ако не сме ослободени. Тоа е мошне тешка тема. И бидејќи не можат да разберат што е Кришнина лила, тие имитираат, паѓаат. Има толку многу нешта. Не сакаме да навлегуваме. Но мора... ако сериозно сакаме да напредуваме во Кришна-лила, тогаш мора прво да дознаеме кој е Кришна, што посакува и како да дејствуваме. Тогаш ќе навлеземе во доверливиот дел на Кришнината лила. Во спротивно, погрешно ќе разбереме и ќе паднеме.