MK/Prabhupada 0186 - Бог е Бог. Исто како што Златото е Злато
Lecture on BG 7.1 -- Fiji, May 24, 1975
Значи или престојуваме во Фиџи или во Англија или било каде, бидејќи Кришна е сопственик на сè, насекаде..., Sarva-loka-maheśvaram (БГ 5.29). Значи Фиџи е мал дел од sarva-loka. Значи, ако Тој е сопственик на сите lokas, тогаш Тој е сопственик на Фиџи, исто така. Не постои сомнеж околу тоа. Па жители на Фиџи, ако ја прифатите свесноста за Кришна, тоа е совршенството на животот. Тоа е совршенството на животот. Не отстапувајте од упатствата на Кришна. Многу директно, bhagavān uvāca, директно Господ зборува. Можете да ги земете предностите од тоа. Постои решение на сите проблеми во светот ако се повикувате на Бхагавад-гита. Било каков проблем да изнесете, таму има решение, само да се земе решението.
Во денешно време тие се соочуваат со недостиг на храна. Решението е таму, во Бхагавад-гита. Кришна вели: „Annād bhavanti bhūtāni“ (БГ 3.14). „Bhūtāni, сите живи суштества, заедно животните и човекот, можат да живеат многу убаво, без неспокојство, само тие да имаат доволно житарици". Сега која е вашата забелешка? Ова е решението. Кришна рече, annād bhavanti bhūtāni. Тоа не е утописко. Тоа е практично. Вие мора да имате доволно житарици за да ги прехраните живите суштества и животните и веднаш сè ќе биде мирно. Бидејќи луѓето, ако еден е гладен, тој е вознемирен. Така, дај му храна пред сè. Тоа е Кришнина наредба. Дали е тоа невозможно, непрактично? Не. Вие произведете повеќе храна и поделете ја. Толку многу земја има таму, но ние не прозведуваме храна. Ние произведуваме или сме зафатени со производство на алати или моторни гуми. И сега јади моторни гуми. Но, Кришна вели „Произведувајте житарици“. Така нема збор за сиромаштија. Annād bhavanti bhūtāni parjanyād anna-sambhavaḥ. Но, житариците се призведуваат кога има доволно дожд. Parjanyād anna-sambhavaḥ. И yajñād bhavati parjanyaḥ (БГ 3.14). И ако правите огнени жртвувања, јагија, тогаш редовно ќе има врнежи. Тоа е начинот. Но, никој не е заинтересиран да прави јагија, никој не е заинтересиран да произведува житарици, и ако осиромашите, тогаш тоа не е Божја грешка, тоа е ваша грешка.
Така, земи било што, било кое прашање - социјално, политичко, филозофско, религиозно, било што да земеш - решението е таму. Исто како што Индија се соочува со системот на кастите. Многу се наклонети на системот на кастите, многу не се наклонети. Но, Кришна го дава решението. Тука нема збор за наклонетост или не наклонетост. Системот на кастите треба да биде одреден во согласност со квалитетот. Cātur-varṇyaṁ mayā sṛṣṭaṁ guṇa-karma (БГ 4.13). Никогаш не вели „Со раѓање“. И во Шримад Бхагаватам е тоа потврдено.
- yasya yal lakṣaṇaṁ proktaṁ
- puṁso varṇābhivyañjakam
- yad anyatrāpi dṛśyeta
- tat tenaiva vinirdiśet
- (ШБ 7.11.35)
Јасно упатство од Нарада Муни.
Така ние имаме сè перфектно во Ведската литература и ако следиме...Движењето за свесносто за Кришна се обидува да ги образува луѓето за овие принципи. Ние не произведуваме ништо. Тоа не е наша работа. Бидејќи ние знаеме дека сме несовршени. Дури и да произведеме нешто тоа ќе биде несовршено. Ние имаме четири недостатоци во нашиот условен живот: правиме грешки, ние сме во илузија, ги мамиме другите и нашите сетила се несовршени. Па, како може да имаме совршено знаење од човек кој, ги поседува сите овие недостатоци? Така, ние мораме да добиеме знаење од Врховната Личност, која не е погодена од овие недостатоци, mukta-puruṣa. Тое е совршено знаење.
Така нашето барање е вие да добиете знаење од Бхагавад Гита и да делувате соодветно. Не е важно кој сте. Бхагавад Гита е за сите. Бог е Бог. Исто како што златото е злато. Ако златото го држи Хинду, тоа не станува Хинду злато. Или ако златото го држи Христијанин, тоа не станува Христијанско злато. Златото е злато. Слично, dharma-та е една. Религијата е една. Неможе да има Хинду религија, Муслиманска религија, Христијанска религија. Тоа е вештачко. Исто као „Хинду злато“, „Муслиманско злато“. Тоа не е возможно. Златото е злато. Слично е со религијата. Религија значи закон даден од Господ. Тоа е религија. Dharmaṁ tu sākṣād bhagavat-praṇītaṁ na vai vidur devatah manuṣyāḥ (ШБ 6.3.19), така - Јас само што заборавив - дека „Dharma, овој принцип на dharma, религиозниот систем, е наложен или даден од Господ“. Така Господ е еден; според тоа dharma или религиозниот систем треба да биде еден. Не може да бидат два.