MK/Prabhupada 0190 - Зголемете ја одвоеноста од овој Материјален свет
Lecture on SB 7.6.11-13 -- New Vrindaban, June 27, 1976
Ако ги следиме овие принципи на bhakti-mārga ние не настојуваме посебно како да станеме одвоени. Одвоеноста автоматски следи. Vāsudeve bhagavati bhakti-yogaḥ prayojitaḥ janayati āśu vairāgyam (ШБ 1.2.7). Vairāgyam значи одвоеност. Бхакти јога е позната како vairāgya. Vairāgya. Сарвабама Батачарја напишал стихови за оваа vairāgya.
- vairāgya-vidyā-nija-bhakti-yoga-
- śikṣārtham ekaḥ puruṣaḥ purāṇaḥ
- śrī-kṛṣṇa-caitanya-śarīra-dhari
- kṛpāmbudhir yas tam ahaṁ prapadye
- (ЧЧ Мадја 6.254).
Тука е Шри Кришна Чаитанја Махапрабху кој е Самиот Кришна. Тој дошол да подичува на vairāgya-vidyā. Тоа е малку тешко. Тоа е многу тешко за обичните луѓе да го разберат ова vairāgya-vidyā. Нивна работа е како да ја зголемат врзаноста за ова тело, а Движењето за свесноста за Кришна е како да ја зголеми одвоеноста од овој материјален живот. Затоа се вика vairāgya-vidyā. Vairāgya-vidyā лесно може да достигне, исто како што е препорачано, vāsudeve bhagavati bhakti-yogaḥ prayojitaḥ janayati āśu vairāgyam (ШБ 1.2.7), многу брзо, многу брзо. Janayati āśu vairāgyaṁ jñānaṁ ca. Две работи се потребни во човечкиот живот. Едно е jñānam, jñānaṁ-vijñānam āstikyaṁ brahma-karma sva- bhāva- jam. Ова jñānam значи, почетокот на jñāna значи „Јас не сум ова тело. Јас сум духовна душа“. Тоа е jñāna. И сè додека се наоѓате на ова ниво од jñānam, е лесно. Тоа е jñāna. И сè додека се наоѓате на ова ниво од jñānam, е лесно. Но ако некој разбере, тој доаѓа до ниво на jñānam, тогаш тој природно станува одвоен, дека „Јас не сум ова тело. Зошто работам толку тешко за ова тело?“ Jñānaṁ ca yad ahaitukam (ШБ 1.2.7). Автоматски...Две работи се потребни. Чаитанја Махапрабху многу места, Тој потенцираше на ова, и во Својот живот Тој подучуваше на jñānam и vairāgyam. Од една страна jñānam, во Неговите учења на Рупа Госвами, учењата на Санатана Госвами, учењата на, разговорите со Сарвабама Бхатачарја, Пракашананда Сарасвати, разговорите со Рамананда Раја. Нас ни се дадени сите овие работи во нашата книга Учењата на Господ Чаитанја. Така, тоа е jñānam. Со Неговиот пример во Неговиот живот, земајќи санјаси, Тој подучува vairāgya. Jñāna и vairāgya, овие две работи се потребни.
Не одеднаш ние можеме да се најдеме на ниво на jñānam и vairāgyam, но ако вежбаме, тоа е возможно. Тоа е возможно. Не е тоа невозможно. Тоа е препорачано:
- vāsudeve bhagavati
- bhakti-yogaḥ prayojitaḥ
- janayaty āśu vairāgyaṁ
- jñānaṁ ca yad ahaitukam
- (ШБ 1.2.7).
Тоа е потребно. Движењето за свесноста за Кришна е за да се достигне jñānam и vairāgyam. Ако станеме премногу врзни за овој материјален свет...И како ние стануваме врзани? Живописно објаснување е дадено од Прахлад Махараџ. Сопруга, деца, куќа, животни и слуги, намештај, облека, и така натаму и така натаму, толку многу нешта. Луѓето работат многу тешко, дење и ноќе, само за овие работи. Не е ли тоа убав бунгалов, убаво животно, убаво, толку многу работи ние гледаме? Зошто? За да се зголеми врзноста. Ако ние ја зголемиме врзаноста, тука нема прашање за ослободување од ова ропство. Така ние треба да ја вежбаме оваа одвоеност.