MK/Prabhupada 0189 - Чувајте ги Посветениците над трите гуни



Lecture on SB 6.1.46 -- San Diego, July 27, 1975

Не можете да го промените законот на природата. Борба за опстанок: ние се обидуваме да завладееме со законите на природата. Тоа не е возможно. Daivī hy eṣā guṇamayī mama māyā duratyayā (БГ 7.14). Ова е предмет на проучување. Зошто секој е несреќен и среќен до определена мерка? Во зависност од овие квалитети. Тука се вели, дека „Како што ние гледаме во овој живот, во текот на животот, тоа се различности, слично guṇa-vaicitryāt, од разликите во гуните, guṇa-vaicitryāt“, tathānyatrānumīyate. Anyatra значи следен живот или следна планета или следно нешто. Сè е контролирано. Traiguṇya-viṣayā vedā nistraiguṇyobhavārjuna. Кришна го советува Арџуна дека:„Целиот материјален свет е контролиран од овие три гуни“, guṇa- vaicitryāt. „Затоа ти стани nistraiguṇya, каде овие три гуни нема да делуваат“. Nistraiguṇyo bhavārjuna. Како можете да го запрете делувањето на овие три гуни? Тоа е исто така објаснето во Бхагавад Гита:

māṁ ca vyabhicāriṇi
bhakti-yogena yaḥ sevate
sa guṇān samatītyaitān
brahma-bhūyāya kalpate
(БГ 14.26)

Ако се ангажираш континуирано во чисто предадено служење, без прекини, тогаш секогаш ќе останеш трансцедентален, над овие три гуни. Така, нашето Движење за свесноста за Кришна е да ги чува посветениците над трите гуни. Исто како во океанот, ако си паднат во океанот, тоа е многу опасна положба. Но, ако некој ти помогне да те подигне од водата на океанот и те држи малку над водата, тогаш нема опасност. Твојот живот е спасен.

Тоа се бара, таа guṇa - vaicitryāt, ако сакате да се спасите себеси од овие различни видови на живот, раѓање, умирање, старост и болести и да прифатите толку многу видови на живот...Исто како кога зборуваше додека шетавме дека има дрва во Калифорнија; тие живеат по пет илјади години. Тоа е исто така поинаква врста на живот. Луѓето се трудат да живеат по многу, многу години. По природен пат, има дрвo од пет илјади години. Дали тој вид на живот е многу исплатлив, да стоиш пет илјади години во шума? Било кој вид на живот во овој материјален свет не е добар, и ако си ти полубог или дрво или ова или она. Тоа е образование. Тоа е образование. Секој треба да разбере дека секој вид на живот, било како полубог или куче, тука животот е проблематичен. Дури и полубоговите, тие се ставени во многу опасности, многу пати и тие му приоѓаат на Бог. Тука вие секогаш ќе бидете во опасност. Padaṁ padaṁ yad vipadām (ШБ 10.14.58). Залудно е да се обиде да се направи овој материјален свет безопасен. Како што има различни видови на тела, различни опасности, катастрофи, една по друга ќе имате...Најдобро е, значи да се престане со овој бизнис, материјалниот. Тоа е Ведска цивилизација. Целата Ведска цивилизација се заснова на оваа идеа, да се „Запре овој бесмислен бизнис, повторување на раѓање, умирање, старост“. Затоа Кришна вели janma-mṛtyu-jarā-vyādhi duḥkha-doṣānudarśanam (БГ 13.9). Тоа е знаење. Кое знаење, ова техничко знаење, тоа е знаење? Вие не можете да ги запрете овие работи. Значи главната работа е како да се запре ова. Но, бидејќи тие се будалести луѓе, тие мислат дека „Овие работи неможат да се запрат. Да продолжиме со ова повторување на раѓање и умирање и во секој живот да страдаме за егзистенција“. Ова е материјална цивилизација, незнаење, не е знаење.

Знаењето е дадено од Господ Шри Кришна „Тука е решението: janma karma ca me divyaṁ yo janati tattvataḥ, tyaktvā dehaṁ punar janma naiti“ (БГ 4.9). Проблемот е punar janma, повторување на раѓањето и ако сакаш да го запреш тоа, тогаш обиди се да го разбереш Кришна. Тогаш ќе бидеш во можност да го запреш. Колку поскоро ќе го разбереш Кришна...Да го разбереш Кришна значи, дури иако слепо го прифатиш, тоа е исто така корисно. Кришна вели кој е Тој, дека Тој е Севишниот Господ. Вие прифатете го Него. Тоа е сè. Едноставно имајте ја вербата дека „Кришна е Севишната Божја Личност“. Тоа ќе ве направи доволно напредни. Но, ова е многу тешко за материјалистичките луѓе. Затоа Кришна вели:„Bahūnāṁ janmanām ante“ (БГ 7.19). „После настојувањето од многу, многу раѓања, bahūnāṁ janmanām ante jñānavān māṁ prapadyate, jñānavān, кој е всушност мудар, тој му се предава на Кришна“. Во спротивно, na māṁ duṣkṛtino mūḍhāḥ prapadyante narādhamāh (БГ 7.15). „Во спротивно, ќе остане никаквец и вмешан во грешни активности, најдолниот од човечкиот вид, знаењето му е одземено“. Na māṁ prapadyante: „Никогаш не му се предава на Кришна“.