MK/Prabhupada 0203 - Не запирајте го ова Харе Кришна движење



Lecture and Initiation -- Chicago, July 10, 1975

Прабхупада: јаџна, понуда...Yajña-dāna-tapaḥ-kriyā. Човечкиот живот е наменет за вршење понуда, давање милостина и живот во само-дисциплина. Тие три нешта. Човечкиот живот е наменет за нив. Човечкиот живот не ни е даден за да живееме како мачките и кучињата. Тоа би било пропаст. Таквата кучешка цивилизација е пропаст за човечкиот живот. Човечкиот живот е наменет за три нешта: yajña-dāna-tapaḥ-kriyā. Секој човек треба да знае како да врши служба, како да дава милостина и како да живее во само-дисциплина. Тоа е човечкиот живот. Значи, yajña-dāna-tapasya, во старите времиња секој ги вршеше според своите можности. Во сатја југа Валмики Муни практикувал аскеза и медитација шеесет илјади години. Во тоа време луѓето живееле стотици илјади години. Тоа денес не е можно. Во тоа време медитацијата била возможна, денес не е. Затоа шастрите препорачуваат yajñaiḥ saṅkīrtana-prāyaiḥ: „Вршете ја оваа служба, санкиртана“. Со вршење на санкиртана јаџна ги добивате истите резултати. Како што Валмики Муни добил резултати по медитација од шеесет илјади години, вие можете да ги добиете истите резултати со вршење санкиртана јаџна неколку дена. Тоа е голема љубезност. Многу сум среќен што во западните земји, особено во Америка, вие момчиња и девојки сте имале среќа да и се придружите на оваа санкиртана јаџна. Луѓето ја ценат таа можност.

Јас сум исто така многу задоволен. Вие ги качивте божествата на автобуси и заминавте во внатрешноста за да вршите служба...Продолжете го тој процес сè додека целата нација не го прифати ова верување.

Посветениците: Џаја!

Прабхупада: Ќе го прифатат. Тоа го предвиде Чаитанја Махапрабху,

pṛthivīte āche yata nagarādi-grāma
sarvatra pracāra haibe mora nāma

Чаитанја Махапрабху посакал во секое село, во секој град, во секоја земја, да постои ова санкиртана движење. Луѓето ќе му бидат благодарни на Шри Чаитанја Махапрабху: „Господи, ни даде нешто толку возвишено“. Ова е предвидено. Ние треба само да дадеме сè од себе. Не е толку тешко. Гo инсталиравте божеството. Качете се на разни автобуси и одете од град до град, од село до село. Сега имате искуство, проширете го движењето. Често ви повторувам дека вашата земја, Америка, е богата и дека ви треба само уште ова, санкиртана...Тогаш сè ќе биде совршено. Вчера зборував за толку многу работи, можеби прочитавте во весникот, реков дека за целосна промена е потребна и духовна промена. Во овој миг работите не стојат многу добро. Не жалете што материјалната трка нема да ви помогне во вашиот духовен живот. Може да бидете материјално напредни, но не заборавајте ја својата духовна должност и својот духовен идентитет. Во спротивно, губите. Во спротивно ќе работите за ништо, śrama eva hi kevalam (ШБ 1.2.8). Исто како ова патување на месечината, сето тоа е губење време и непотребно трошење пари. Потрошивте толку милијарди долари, а што добивте? Малку прашина, ништо повеќе. Не бидете глупави. Бидете практични. Ако таа огромна сума пари беше потрошена во ширење на движењето за свесност за Кришна низ целата земја, ќе се постигнеше огромна добродет. Но ние не можеме да кажеме ништо. Тоа се ваши пари и можете да ги расфрлате. Тоа е ваша работа. Но бараме од авторитетите и од разумните луѓе да го прифатат санкиртан движењето, особено во Америка, и да го прошират низ другите земји во светот, во Европа и во Азија. Веќе ја имате честа да сте најбогата нација на светот. Имате интелигенција. Имате сè. Само прифатете го движењето Харе Кришна, со трпение, со истрајност и со интелигенција. Многу лесно. Веќе сте искусни. Не запирајте. Работете колку што можете повеќе. Вашата земја ќе биде среќна и целиот свет ќе биде среќен.

Многу ви благодарам.

Посветениците: Џаја!