MK/Prabhupada 0204 - Јас добивам Милост од Гуруто. Тоа е вани...



Morning Walk -- July 21, 1975, San Francisco

Прабхупада: Треба да се трудите да ги постигнете двете. Guru-kṛṣṇa-kṛpāya pāya bhakti-latā-bīja (ЧЧ Мадја 19.151). Треба да ја споите милоста на вашиот учител и милоста на Кришна. Тогаш ќе ги добиете.

Џајадваита: Многу се трудиме да ја добиеме милоста на учителот.

Прабхупада: Кој?

Џајадваита: Сите ние.

Прабхупада: Да. Yasya prasādād bhagavat-prasādaḥ. Ако добиете гуру крипа, тогаш автоматски го добивате и Кришна.

Нарајана: Гуру - крипа - та доаѓа само од задоволувањето на Духовниот учител, Шрила Прабхупада?

Прабхупада: Инаку како?

Нарајана: Извините?

Прабхупада: Инаку како милоста може да дојде?

Нарајана: Значи, оние ученици кои немаат можност да Ве видат или да говорат со Вас...

Прабхупада: Тој тоа го говореше, вани ( наредба ) и вапух ( физичко присуство ). Дури и неговото тело ( вапух ) да не е видливо, чујте го неговиот збор ( вани ).

Нарајана: Но, како тие ќе знаат дека те задоволуваат Шрила Прабхупада?

Прабхупада: Ако навистина ги следите инструкциите на гуруто, тоа значи дека тој е задоволен. А ако не ги следите, како би можел да биде задоволен?

Судама: Не само тоа, твојата милост се шири насекаде и ако ја искористиме предноста - тоа веќе еднаш ни го кажа, тогаш ќе го почуствуваме и резултатот.

Прабхупада: Да.

Џајадваита: И ако имаме верба во она што го говори гуруто, тогаш автоматски тоа ќе го сториме.

Прабхупада: Да. Мојот Гуру Махараџ почина во 1936 год. а јас го започнав ова движење во 1965 год., после триесет години. Значи? Тоа значи дека јас ја добивам милоста од гуруто. Тоа е вани. Дури и гуруто да не е физички присутен, доколку ги следиш неговите вани ( наредби ), тогаш ја добиваш и неговата помош.

Судама: Значи нема говор за раздвоеност, се додека ученикот ги следи инструкциите на гуруто.

Прабхупада: Не. Cakhu-dān dilo jei...Како е следниот стих?

Судама: Cakhu-dān dilo jei, janme janme prabhu sei.

Прабхупада: Janme janme prabhu sei. И каде е тука раздвоеноста од гуруто? Оној кој ги отворил твоите очи, тој е твојот прабу ( господар ) - живот по живот.

Парамахамса: Ти никогаш не чуствуваш интензивна одвоеност од својот духовен учител?

Прабхупада: Не е потребно тоа да го прашуваш.