MK/Prabhupada 0205 - Никогаш не очекував дека овие луѓе ќе ме прифатат
Morning Walk -- May 20, 1975, Melbourne
Прабхупада: Не велам дека мора да се гледа дека некој станал свесен за Кришна. Не е лесно да ја постигнеш таа свесност. Не е лесно. За тоа се потребни многу, многу раѓања, bahūnāṁ janmanām ante (BG 7.19). Но, мора да си ја вршите должноста. Мора да проповедате. Yāre dekha, tāre kaha 'kṛṣṇa'-upadeśa (CC Madhya 7.128). Тоа ви е должноста. Се разбира, ќе се обидете да ги промените луѓето. Но, ако луѓето не се сменат, не значи дека не сте си ја извршиле должноста. Треба само да излезите и да зборувате. Кога пристигнав во вашава земја, не очекував никаков успех. Знаев дека кога ќе речам дека не се дозволени незаконски секс и јадење месо веднаш ќе ме одбијат. (смеа) Немав никаква надеж.
Посветеник 1: Луѓето се врзани за толку нешта.
Прабхупада: Да, но вие бевте љубезни и ме прифативте. Никогаш не го очекував тоа. Не очекував дека „Овие луѓе ќе ме прифатат“. Немав такви очекувања.
Хари-Шаури: Значи, ако само веруваме во Кришна...
Прабхупада: Да, тоа е нашата единствена работа.
Хари-Шаури: А ако бараме резултати...
Прабхупада: Треба да ги исполнувате должностите онака како што вè учат духовните учители. Guru-kṛṣṇa-kṛpāya (CC Madhya 19.151). Тогаш ќе бидете во милост и на духовниот учител и на Кришна. Тоа е успехот што треба да го постигнете.