MK/Prabhupada 0215 - Морате да читате за да сфатите



Interview with Newsweek -- July 14, 1976, New York

Новинарката: Можете ли да ми кажете нешто за вашето минато, кога бевте млади, со што се занимававте и што...

Прабхупада: Зошто би ви кажал?

Новинарката: Се извинувам?

Прабхупада: Зошто би ви кажал?

Новинарката: Ако сакате.

Прабхупада: Зошто би сакал?

Новинарката: Па, новинарите мора да поставуваат прашања. Во спротивно ке останам без работа.

Хари Саури: Прабхупада се надева дека ке прашате нешто што е поврзано со ова...

Рамешвара: Луѓето се заинтересирани да дознаат за тебе, Шрила Прабхупада. И ако се заинтересираат за тебе, природно ке се заинтересираат и за твоите книги. Тие се желни да дознаат што повеќе за авторот на сите овие книги кои ги продаваме.

Прабхупада: Но овие книги, книгите... Ке зборуваме за книгите. Дали е важно што правел авторот во минатото?

Новинарката: Вие преведовте многу книги, како што разбрав.

Прабхупада: Да. Тие преводи, книгите, ке зборат за тоа како сум ги превел.

Новинарката: Јас се прашував...

Прабхупада: Прочитај ги книгите. Тогаш ке сфатиш. Наместо да ме прашуваш, подобро прочитај ги книгите. Тоа е вистинско разбирање.

Новинарката: Јас само се прашував како тој лично стана заинтересиран или вклучен и кој беше патот до неговата свесност.

Рамешвара: Сфаќам. Таа прашува за твојот однос со твојот Гуру Махараџ, како се инспирираше да го започнеш движењето за свесност за Кришна и напишеш толку многу книги.

Прабхупада: Тие нешта можеш и ти да ги одговориш. Не се толку важни за јавноста.

Рамешвара: Јас мислам дека јавноста секогаш сака да знае за личноста која што стои позади ова движење.

Гостинката: Да, тоа помага. Луѓето се интересираат. Луѓето се интересираат за развојот на човек како тебе бидејќи така можат да си поврзат. И на тој начин ке одлучат да го прочитаат она што го напиша.

Прабхупада: Најпрвин, ако сте заинтересирани за нашите книги, тогаш прочитајте ги. Тогаш ке сфатите.

Новинарката: Ке те сфатиме тебе?

Прабхупада: Да.

Новинарката: Дали тоа го велите?

Прабхупада: Да.

Новинарката: Дали тоа сака да го каже?

Прабхупада: Човек се препознава кога ке прозбори. Кога ке прозбори. Tāvac ca śobhate mūrkho yāvat kiñcin na bhāṣate: „Будалата е убав сè додека не прозбори". Кога ке прозбори, тогаш ке сфатите каков е. Мојот говор е во книгите, и ако сте интелигентни, можете да сфатите. Не мора да прашувате. Зборувањето... Исто како во судот. Големиот адвокат се препознава кога ке прозбори. Во спротивно, сите се добри адвокати. Но кога ке прозбори во судот, тогаш ке биде препознаен, дали е добар адвокат или не. Морате да слушате. Морате да читате. Тогаш ке сфатите. Вистинското сфаќање е таму.