MK/Prabhupada 0230 - Според Ведската цивилизација, Постојат Четири Поделби на Општеството
Lecture on BG 2.1-5 -- Germany, June 16, 1974
Ова бил раговор помеѓу Арџуна и Кришна на бојното поле на Курукшетра. Предмет на овој разговор бил дека иако битката започнала, Арџуна, кога дознал дека: „На другата страна се мои роднини", како можел да ги убие? Кришна го советувал: „Секој треба да ги извршува своите пропишани должности без да зема во обзир било каква лична загуба или добивка". Според Ведската цивилизација, постојат четири поделби на општеството. Насекаде истите поделби се низ целиот свет. Тоа е природно. Како што можеме да видиме од нашето тело, има глава, раце, стомак и нозе, слично на тоа, во општеството мора да постои класа да луѓе кои се сметаат за мозокот, друга класа на луѓе треба да постојат за да го штитат општеството од опасност, друга класа на луѓе ќе биде стручна во производство на житарки, ќе ги штити кравите и ќе се бави со трговија. Останатите луѓе, имено оние кои што не можат да бидат мозокот, ниту пак да штитат од опасност, ниту да произведуваат житарки или ги штитат кравите, тие се наречени шудри: не може да се избегне, за твоето тело да биде потполно, оддел кој е мозокот, оддел за одрана, оддел на стомакот и одделот за одење или работа.
Арџуна припаѓал на групата на луѓе кои биле наменети за заштита на општеството. Кога тој одбивал да се бори, Арџуна, кога одбивал да се бори, во тоа време Кришна го советувал: „Твоја должност е да се бориш". Обично убивањето не е воопшто добро, но кога постои непријател, напаѓач, во тој случај да се убие напаѓачот не е грев. Другата страна на бојното поле на Курукшетра, тие станале напаѓачи на страната на Арџуна. Ова е поставката на Бхагавад Гита. Вистинската цел е да се поучи Арџуна на духовното сфаќање.
Духовно сфаќање најпрвин значи да се сфати што е дух. Ако не знаеш што е дух, тогаш каде е духовното знаење? Луѓето се премногу огрубени со телото. Тоа се нарекува материјализам. Но кога ќе сфатиш што е дух и делуваш според тоа, тоа се нарекува духовност. Арџуна не сакал да се бори со другата страна затоа што имал телесна поврзаност со нив. Така меѓу Арџуна и Кришна имало дискусија, но тоа била пријателска дискусија. Но затоа кога Арџуна сфатил дека едноставно со пријателска дискусија нема да го реши проблемот, тој станал Негов ученик. Арџуна му се предал на Кришна, śiṣyas te 'ham śādhi māṁ prapannam:(БГ 2.7) „Мој драг Кришна, досега зборувавме како пријатели. Сега јас станувам Твој обичен ученик. Љубезно спаси ме со помош на упатства. Што треба да направам?" Кога дојде до оваа фаза, Кришна го советува Арџуна на следниот начин: śrī-bhagavān uvāca. Тука е речено... Кој му се обраќа на Арџуна? Авторот или записничарот на Бхагавад Гита... Бхагавад Гита е изговорена од Кришна. Тоа бил разговор помеѓу Кришна и Арџуна кој бил сочуван од Вјасадева, а понатаму станал книга. Исто како што кога зборуваме и се снима, понатаму тоа се издава како книга. Така во оваа книга се вели: bhagavān uvāca. Вјасадева ја напишал. Тој не вели: „Јас зборувам". Тој вели: bhagavān uvāca - „Севишната Божја Личност рече".