MK/Prabhupada 0231 - Бхагаван значи оној кој е сопственик на целиот универзум



Lecture on BG 2.1-5 -- Germany, June 16, 1974 Kришна е прифатен од авторитетите како Бхагаван, или Врховна Божја Личност. А што е Бхагаван? Бхагаван значи оној кој целосно поседува шест врсти на богатства. Целосното поседување на сите богатства значи дека Бхагаван е најбогатата личност. Колку е богат Бхагаван, или Бог, не можеме да разбереме, бидејќи ние сме горди кога поседуваме неколку хектари земја, а Бхагаван значи оној кој е сопственик на целиот универзум. Затоа Тој се смета за најбогат. Слично на тоа, Тој се смета за најсилен. И слично, Тој се смета за најмудар. И слично, Тој е најубавата личност. На овој начин, кога ќе најдете личност најбогата, најубава, најмудра, најсилна - на овој начин, кога ќе ви се разоткрие, тоа е Бхагаван, или Бог. Кога Кришна беше присутен на оваа планета, Тој докажа дека ги поседува сите овие богатства. Земете, на пример, дека сите се женат, но Кришна, како Врховна Личност, се оженил со 16.108 жени. Но, не значи дека Тој останал еден маж за шеснаесет илјади жени. Тој направил аранжман за да смести шеснаесет илјади жени во различни палати. Секоја палата, таму е опишано, била направена од првокласен мермер и мебел од слонова коска, а местата за седење направени од многу убав, мек памук. На ваков начин е опишано. А во надворешниот дел, имало многу расцветани дрвја. Не само тоа, Тој се размножил во шеснаесет илјади експанзии, лична експанзија. И така живеел со секоја жена посебно. Tоа не е многу тешка задача за Бог. Се вели дека Бог се наоѓа насекаде. Од наша гледна точка, ако Тој е сместен во шеснаесет илјади домови, што е тешко за Него?

Овде се вели, śrī-bhagavān uvāca. Најмоќниот авторитет зборува. Затоа, се што ќе каже Тој, треба да се земе како вистина. Во овој наш условен живот, бидејќи живееме во материјални услови, имаме четири недостатоци: правиме грешки, во илузија сме, сакаме да мамиме и сетилата ни се несовршени. Затоа, знаењето добиено од личност кое е заразено со четирите вида недостатоци, не е совршено. Кога добивате знаење од личност која е трансцендентална за сите овие четири вида недостатоци, тоа е совршено знаење. Современите научници, тие теоретизираат дека „Можеби е вака. Можеби е така“, но тоа не е совршено знаење. Ако шпекулирате со вашите несовршени сетила, која е вредноста на тоа знаење? Можеби е делумно знаење, но тоа не е совршено знаење. Затоа, нашиот процес на примање знаење е да го добиеме од совршена личност. И затоа добиваме знаење од Кришна, Бхагаван, најсовршениот и затоа нашето знаење е совршено. Исто како детето. Можеби е несовршен, но ако татко му рече: „Драго мое дете, ова се вика спектакл“, па ако детето каже: „Ова е спектакл“, тоа знаење е совршено. Бидејќи детето не истражува за да го дознае тоа. Тој го прашува својот татко или мајка: "Што е ова, тато? Што е ова, мајко?" И мајката вели: „Драго мое дете, тоа е тоа“. Уште еден пример може да се даде, ако детето не го познава, во детството, не знае кој е неговиот татко, тогаш не може да истражува. Ако истражува за да го открие својот татко, никогаш нема да го дознае својот татко. Но, ако ја праша мајка си: „Кој е мојот татко? а мајката вели: „Тој е твојот татко“, тоа е совршено. Затоа како можете да знаете за Бога, кој е надвор од вашата сетилна перцепција? Затоа треба да знаете од Самиот Бог или Неговиот претставник.

Значи, овде зборува Кришна, Врховната Божја Личност, и Тој е конечниот авторитет. Тој му го рече следново на Арџуна. Тој вели, aśocyān anvaśocas tvaṁ prajñā-vādāṁś ca bhāṣase: (БГ 2.11) „Драг мој Арџуна, ти зборуваш како многу учен, но ти се жалиш за нешто што не треба да го правиш“. Gatāsūn agatāsūṁś ca nānuśocanti paṇḍitāḥ. Gatāsūn значи ова тело. Кога е мртов или кога е жив, телесното сфаќање на животот е глупост. Значи, ниту еден учен човек не го зема за сериозно разгледувањето на телото. Затоа во ведската литература се вели дека „Оној што има телесна концепција на животот, тој не е ништо подобар од животно“. Затоа, во сегашниот момент, без знаење за себе, целиот свет се одвива под телесниот концепт на животот. Телесниот концепт за живот постои меѓу животните. Мачките и кучињата, се многу горди кога ќе станат голема мачка или големо куче. Слично на тоа, ако човек исто така се гордее со тоа дека „јас сум голем Американец“, „голем Германец“, „голем“, која е разликата? Но, тоа всушност се случува, и затоа тие се борат како мачки и кучиња.

Можеме утре да поразговараме повеќе за тоа.