MK/Prabhupada 0234 - Да се Стане Посветеник е Најголемата Квалификација
Lecture on BG 2.4-5 -- London, August 5, 1973
Прахлада Махараџа... Нрсимхадева му понуди на Прахлада Махараџа, „Сега можеш да побараш секаков благослов“. Прахлада Махараџа одговорил: „Господе мој, ние сме материјалисти. Роден сум од татко апсолутен материјалист. Јас сум исто така, бидејќи сум роден од татко материјалист и јас сум материјалист. И Ти, Врховната Божја Личност, сакаш да ми дадеш благослов. Можам да земам било каква милост од Тебе. Го знам тоа. Но, каква е користа од тоа? Зошто да барам од Тебе некаков благослов? Го видов мојот татко. Материјално, тој беше толку моќен што дури и полубоговите, Индра, Чандра, Варуна, беа престрашени од неговите црвени очи. И тој се здоби со контрола над универзумот. Тој беше толку моќен. И богатството, изобилството, моќта, угледот, сè комплетно, но Ти заврши сè за една секунда. Па зошто ми нудиш вакво благослов? Што да правам со тоа? Ако ти го земам благословот и станам горделив, и правам се погрешно против тебе, тогаш Ти можеш да го завршиш во рок од една секунда. Затоа љубезно те молам, не ми нуди таков благослов за материјален раскош. Подобро дај ми благослов да бидам ангажиран во службата како Твој слуга. Го сакам овој благослов. Дозволи ми да бидам благословен од Тебе за да бидам ангажиран во службата на Твојот слуга, а не директно како Твој слуга“.
Потоа, по многу молитви, откако го смири Господ... Беше многу лут. Тогаш кога беше малку смирен, тој прашал: „Драг мој Господи, можам ли да Те замолам за уште еден благослов зошто татко ми беше твој многу, многу жесток непријател. Тоа беше причината за неговата смрт. Сега те молам љубезно да му простиш и да му дадеш ослободување.“ Ова е синот на Ваишнава. Ништо не бараше за себе. И иако знаеше дека татко му е најголемиот непријател, сепак, тој прашува за негов благослов: „Сиромашкиот може да биде ослободен“. Господ Нрсимхадева гарантираше, велејќи: „Драг мој Прахлада, не само татко ти, туку татко на татко ти, татко му, до четиринаесет генерации, сите се ослободени. Затоа што си родени во ова семејство“. Секој што станал Ваишнава, посветеник на Господ, прави најголема служба за семејството. Сите кои се негови роднини, татко му, мајка му, ќе бидат ослободени. Исто како што имаме искуство, ако некој незрело умре во борба, За неговото семејство се грижи владата. Слично на тоа, да се стане посветеник е најголемата квалификација. Тој има сè. Yatra yogeśvaro hariḥ yatra dhanur-dharaḥ pārthaḥ (БГ 18.78). Кога постои Кришна и кога има посветеници, сета победа, сите слави се таму. Тоа е загарантирано.