MK/Prabhupada 0235 - Неквалификуван Гуру Значи Некој Кој не Знае да го Води Посветеникот



Lecture on BG 2.4-5 -- London, August 5, 1973

gurūn ahatvā. Посветеник на Кришна, ако е потребно, ако е неквалификуван гуру... Неквалификуван гуру значи некој кој не знае како да го води посветеникот. Должноста на гуруто е да води. Таков гуру може барем да се одбие. Тоа е Џива Госвами... Kārya-kāryam ajānataḥ. Гуру кој не знае што да прави, а што не, но ако по грешка, по грешка некого прифатив за гуру, тој може да биде одбиен. Ако го одбиете, можете да прифатите вистински гуру. Гуруто не е убиено, но може да биде отфрлен. Тоа е наредбата од Шастрите. Бхишмадева или Дроначарја, секако биле гуруи, но Кришна индиректно му укажува на Арџуна, „Иако се во позиција на гуру, може да ги одбиеш“. Kārya-kāryam ajānataḥ. „Тие не знаат фактички. Бхишмадева материјално ја смета својата позиција. Тој знаеше сè од самиот почеток, дека Панадовите, тие беа без родители, деца без татко и тој ги воспитуваше од самиот почеток. И не само тоа, тој беше толку многу приврзан кон Панадовите што мислеше: кога ги испратија во шума, протерани, во тоа време Бхишмадева плачеше, „Овие пет момчиња, тие се толку чисти, толку искрени. И не само чисти и чесни, толку моќни воини, Арџуна и Бхима. а Драупади, практично е директно божица на среќата. И тие го добија својот пријател, Врховната Божја Личност, Кришна. Дали тие страдаат?" Плачеше тој. Беше толку многу приврзан. Затоа Арџуна размислува: „Како можам да го убијам Бхишма? Но, должноста е толку силна. Кришна советува: „Да, тој мора да биде убиен затоа што отишол на другата страна. Ја заборавил својата должност. Требаше да ти се придружи. Затоа тој повеќе не е на позицијата гуру. Мора да го убиеш. Тој погрешно се приклучил на другата страна. Затоа нема штета, убиј го. Слично и Droṇācārya. Слично и Droṇācārya. Знам дека се големи личности, имаат голема наклонетост. Но, тие отидоа таму само на материјална ниво.“ Какво е тоа материјално ниво? Бхишма си мислеше „Ме одржуваат парите на Дурјодана. Дурјодана ме издржува. Сега тој е во опасност. Ако одам на другата страна, тогаш треба да бидам неблагодарен. Тој ме издржуваше толку долго. Ако јас, во време на опасност, кога ќе има борби, ако одам на другата страна, тоа ќе биде...“ - мислеше вака. Тој не мислеше дека „Дурјодана можеби го издржува, но тој го узурпира имотот на Пандавите“. Но, тоа е неговата величина. Тој знаеше дека Арџуна никогаш нема да биде убиен затоа што Кришна е таму. Од материјална гледна точка, морам да бидам благодарен на Дуриодхана. Истато беше и за Дроначарја. Тие беа издржувани.